fbpx

ЛП: Да се сопре изградбата на панорамското тркало

-

„Либералната партија изразува загриженост за моменталната политичко-економска состојба во Македонија, каде власта е симбол за потценување на граѓаните и на реалниот бизнис. Наместо да се фокусира на решавање на различните потреби и проблеми, Владата ги продолжува непотребите трошења на јавни пари, како оние за изградба на панорамско тркало“, се вели во реакцијата на ЛП.

„Сведоци сме дека луѓето страдаат од временски непогоди кои се резултат на речиси децениска негрижа во инфраструктурата, при што гинат луѓе и згаснуваат млади животи. Според Либералната партија, временските непогоди не зависат од Владата и од локалната самоуправа, но ако тие спроведуваа одговорно и планско градење канализациони системи, спречуваа дивоградби и непланско сечење на шумите и ако ги регулираа водите, ќе се избегнеа човечките жртви и штетните последици од непогодите. Затоа, според Либералната партија, централната и локалните власти се најодговорни за изгубените човечки животи и за големите материјални штети. Катастрофите не се решаваат со посети од раководствата туку со насочување на непотребните милиони евра предвидени за споменици, панорамски тркала и слично, во санирање на штетите и во градење систем за спречување вакви катастрофи. За ова да се спречи во иднина, бараме изградбата на панорамското тркало да прекине, тендерот за споменикот на Мајка Тереза да се поништи и средствата да се пренаменат за помош на граѓаните погодени од непогодите во Македонија, како и итна изградба на потребната инфраструктура. Во спротивно, сеќавајќи се на свлечиштето во Велешко, а гледајќи го безмилосното уништување на парк-шумата Водно, предупредуваме дека сликите од Тетово и од Прилеп неминовно ќе се повторат и во други градови во земјата и во Скопје“, стои во соопштението на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...