fbpx

Коњаници и од село Црешево ќе се упатат кон Крушево

-

Чета коњаници од скопското село Црешево првпат годинава ќе се упати кон Крушево во чест на големиот празник Илинден.

Коњаниците својот шестдневен пат кон градот на револуцијата го почнаа од црквата „Свети Спас“ во селото Црешево.

На симболичен начин ќе се одбележи овој историски ден, со носење црешово топче во Крушево, идентично на историскиот настан во 1903 година, кога во ова село било изработено познатото црешово топче.

Мештаните се надеваат дека овој настан ќе прерасне во традиција и од година во година ќе има сè повеќе кандидати за коњаници кои ќе се упатуваат од Црешево до Крушево за 2 Август.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...