fbpx

МВР: 600 парчиња оружје и повеќе од еден тон дрога уништени во „Југохром“

-

Околу 600 парчиња оружје и повеќе од еден тон разновидна дрога денеска беа уништени во погоните на фабриката „Југохром“ во Јагуновце, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во присуство на министерот за внатрешни работи и на членовите на комисијата задолжена за уништување на оружјето, кое се чуваше по институционалните депоа, во печките на „Југохром“ завршија вкупно 593 парчиња разновидно оружје.
Поконкретно, по видови, беа уништени 103 пушки, 397 пиштоли, 13 автоматски пушки, еден пушкомитралез, 58 парчиња ладно оружје и 21 цевка за пушка“, стои во соопштението на МВР.

Според Министерството, во изминатата година, полицијата открила и документирала 200 кривични дела поврзани со недозволена трговија и со поседување оружје и распрскувачки материи. Во овој период, кривични пријави биле поднесени против 225 осомничени, а при акции биле запленети повеќе од 220 парчиња оружје и 3.102 парчиња муниција.

Во погоните на „Југохром“ беа уништени и повеќе од еден тон разни видови наркотици, кои биле запленети во постапки кои веќе се завршени и за нив има правосилни судски пресуди.

„Станува збор за приближно 893 килограми марихуана, повеќе од 226 килограми хашиш, 15,76 килограми хероин, 252 стебла марихуана и 1.691 парче разни таблети“, информираат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...