fbpx

Ципрас: Обид за решение до крајот на неделата

-

Премиерот Алексис Ципрас е одлучен до крајот на неделата да се дојде до решение што ќе ја задржи Грција во еврозоната.

По завршувањето на Самитот на ЕУ, премиерот образложи дека европските лидери слушнале грчки предлози, односно националната стратегија која беше договорена на лидерската средба во понеделникот во Атина, од владата, ПАСОК, Нова демократија, Река и од Независни Грци.

Ципрас со малку посветол тон од европските партнери, истакна дека предлозите и реформите што ги нудат се одржливи и социјално праведни за грчкото општество, а во исто време и во насока на задржување на Грција во еврозоната.

Забележа дека во нив има суштински реформи, инвстициски пакет за справување со невработеноста, план за исполнување на финансиските обврски и почеток за суштински разговор за реконструкција на грчкиот долг.

Грчкиот премиер најави дека целата процедура за поднесување на предлозите, односно барањето за нова програма ќе почне уште во следните часови, за до крајот на неделата да има решение кое ќе ја задоволи волјата на грчкиот народ и договорот со мнозинството од грчките политички лидери за одржливо решение.

– Сите разбираат дека немаме грчки, туку европски проблем на кој сме повикани да дадеме решение – истакна Ципрас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обвинителството бара притвор за осомничениот за двојното убиство во Стајковци

Основното јавно обвинителство Скопје доставило предлог за определување мерка притвор за лицето осомничено дека ги сторило кривичните дела – убиство, во скопско Стајковци претходно неделава. Против лицето беше поведена истражна...