fbpx

Бесплатни магистерски и докторски студии за социјално ранливите граѓани

-

Се разгледува можноста граѓаните од социјално ранливите категории кои ќе се запишат на магистерски и на докторски студии на еден од факултетите и на универзитетите во земјава, во иднина да може да студираат бесплатно, изјави денеска премиерот Никола  Груевски на почнувањето на градежните работи на улицата Маџари, во општина Гази Баба.

– За овие олеснувања неодамна разговаравме во Владата. Го задолживме Министерството за образование и наука при наредната промена на Законот за високо обрзование да се предвиди во запишувањето во вториот и во третиот циклус студии, магистерски и докторски, да се предвиди во законот 10 отсто од квотите што се примаат на секој факултет и универзитет да бидат бесплатни за лица, кои се од социјално ранливи категории. Доколку има повеќе од 10 отсто кои конкурираат, во тој случај критериумот да биде за оние кои имаат најниски приходи, односно се во најзагрозена социјална категорија – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...