fbpx

Воздушни напади во Јемен

-

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија со воздушни напади погоди бунтовнички воени база во главниот град на Јемен, Сана, а борбите доведоа до жртви и на границата меѓу Саудиска Арабија и Јемен. Воздушните напади биле насочени кон воздухопловна база во близина на аеродромот во Сана, како и кон воена инсталација во близина на претседателската палата. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија почна со воздушни напади во Јемен во март годинава, во обид да се врати претседателот Абд Рабо Мансур Хади на власт.

Хади, кој е во егзил во Саудиска Арабија, побегна во ноември минатата година, откако бунтовниците Хути зазедоа поголем дел од Јемен. Обединетите нации соопштија дека повеќе од 1.870 луѓе се убиени, а околу 7.000 се повредени во борбите од март.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...