fbpx

Шекеринска-Петерле: Како да се реши политичката криза

-

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, придружувана од Виктор Габер, член на Комисијата за надворешни работи, денеска се сретна со Алојз Петерле, копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет меѓу Република Македонија и Европска унија.

Главните теми на разговорот беа можностите за решавање на политичката криза во Македонија, начините за враќање на демократски институционален систем во државата, како и владеењето на правото.

Заменик-претседателката Шекеринска го информираше копретседавачот Петерле за причините што ја доведоа земјата во тешката политичка и државна криза.

– Неопходно е одделување на државата од партијата, преку формирање преодна влада, чија цел ќе биде нормализација на Македонија и создавање услови за одржување слободни, фер и демократски избори – рече заменик-претседателката Шекеринска. Таа додаде и дека на граѓанскиот протест што се одржа на 17 мај, граѓаните во Македонија ја испратија пораката дека се обединети и единствени околу идејата за враќање на слободата и на демократијата во државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека Палчо бил екстрадиран во земјава на денот на изборите, а медиумите криеле

Вистиномер се обрати во Министерството за внатрешни работи од каде добивме одговор дека до моментот (14 мај 2024 точно 14 часот попладне) Палевски не е екстрадиран во земјава. Министерот...