fbpx

Шекеринска се повлекува од политиката, Мицкоски предлага Гаши да биде нов премиер

-

По најавата на Венко Филипче дека ќе се повлече од министерската позиција во идната влада и актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска најави дека нема да биде дел од новата влада предводена од СДСМ.

„Единствената принципиелна и чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната влада. Сметам дека во изминатиот период можевме да продуцираме резултати како влада, јас како министерка за одбрана, само заради тоа што покажавме принципиелност, чесност и одговорност и многу работа. И тогаш вреди, и тогаш има резултати. Ако не сме принципиелни, тогаш мислам дека тие резултати нема да дојдат“, изјави Шекеринска.

Телевизијата Телма пак денеска јави оти премиерот Зоран Заев оставката од функцијата ќе ја депонира во Собранието на РСМ во среда, и тоа по годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски.

Од друга страна, Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите предложи да се формира техничка влада во февруари или март 2022 година, а вонредни парламентарни избори да се одржат во мај или јуни догодина. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи за нов премиер на преодната влада да биде избран Африм Гаши, претседателот на Алтернатива.

На ваквиот предлог од опозицијата, експресна реакција пристигна од ДУИ, кои велат дека за ВМРО-ДПМНЕ да предлага премиер најпрво ќе треба да победи на предвремени парламентарни избори. Артан Груби денеска рече дека предлогот за преоден премиер пред одржувањето на изборите сигурно ќе дојде од ДУИ, а не од ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај тоа што се раздружија со Алтернатива, од опозициската Алијанса за Албанците, пак, го поддржија денеска предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ за претседател на техничката влада да биде Африм Гаши.

Од владејачката партија СДСМ пак стојат на ставот дека владиното мнозинство во моментов е стабилно и дека предвремени парламентарни избори не се опција.

„Имаме стабилно мнозинство токму со влегувањето на Алтернатива во коалицијата, следува избор на нова Влада со мандат до 2024 година“, изјави организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Попов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes Free
udemy course download free
download lenevo firmware
Premium WordPress Themes Download
free download udemy course