fbpx

МНР на Косово апелира на воздржување

-

На акцијата на МВР во Куманово, реагираше и Министерството за надворешни работи на Косово.

– Ги следиме со внимание вестите од Македонија за насилните инциденти на некои локации, според кои има извештаи за жртви. Република Косово остро го осудува нарушувањето на редот и на безбедноста од кои било поединци или групи чија цел е дестабилизација на Македонија. Министерството за надворешни работи на Косово апелира до сите страни да се воздржат од насилство и да најдат решение преку политички дијалог во рамките на институциите на државата и Охридскиот договор што го гарантира интегритетот на Македонија и исполнувањето на правата на заедниците – се вели во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...