fbpx

500 јавувања во ЦУК за пријава на штети од земјотресите

-

Околу 500 граѓани деновиве пријавиле штети на објекти по серијата земјотреси што се случија во Скопскиот Регион. Пријавите кои во најголем дел се однесуваат на разурнати фасади, оштетени покриви, скршени прозорци, паднати плафони и оштетени возила, граѓаните ги пријавиле во Центарот за управување со кризи.

Штетите на објектите може да се пријават на бесплатниот телефонски број за итни повици 195, а ако граѓаните не можат да добијат слободна линија од Центарот апелираат да испратат податоци, име, презиме, телефонски број за контакт, точна адреса и краток опис на штетата предизвикана од земјотресот, на [email protected].

Од ЦУК информираат дека по синоќешниот земјотрес во 19.53 часот со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, освен привремени прекини на снабдувањето со електрична енергија во одредени делови на градот, не се пријавени позначителни штети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...