fbpx

Пожарите под контрола, треба ремонт на системот за управување со кризи

-

Во моментов сите пожари кои беа активни во текот на вчерашниот ден се ставени под контрола, информираше за „Мета“ Аднан Џафероски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Денес е ставен под контрола големиот пожар во крушевско, над село Норово, во чие што гасење учествуваше и АРМ со еден хеликоптер, како и силите на Територијална заштита на Општина Крушево и противпожарни екипи. Министерството за внатрешни работи и инспекциите се активни на терен и во врска со вчерашните пожари е веќе уапсено едно лице“, вели Џафероски.

Изгаснат е и пожарот на Јабланица и сега во тој реон се активни стражи организирани од единиците на локалната самоуправа и противпожарните единици за да се следи натамошната состојба.

На прашањето на „Мета“ дали има сознанија дали се работи за намерно подметнување на пожари или се работи за неодговорно палење на стрништа, Џаферовски одговори дека во сите досегашни случаи на пожари кои се случија изминативе денови се работи „апсолутно за намерно и свесно предизвикување на пожари“.

„Од она што го имаме како директни сознанија и информации од терен, освен случаи на несовесно постапување на земјоделци кои палат стрништа на земјоделски површини, се работи најчесто за свесно подметнати пожари со палење на сува трева заради обезбедување на пасишта или на густа шума со цел да се дојде до ефтини дрва за сечење“, рече Џафероски.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување смета дека овие зачестени случаи на криминално уништување на шумскиот фонд во државата со цел заработка од продажба на опожарените дрва може да се запрат само со донесување на пропис, според кој продажбата на опожарени дрва би била забранета и казнива со закон.

Џафероски, исто така, најави дека Владата веќе го почна процесот на реформа на системот на управување, со цел поефикасно постапување на државните органи во вакви состојби на истовремено појавување на големи шумски пожари на голем дел од територијата, кои бараат вонреден ангажман на сите ресурси, но и на други вонредни ситуации предизвикани од човечка активност и природни катастрофи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...