Индустриското производство во првите два месеци од годината е со пораст од 9,6 проценти во однос на првите два месеци лани, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст од 2,9 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 7,3 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4,8  проценти.

Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели, производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на тутунски производи, производство на текстил, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.