fbpx

ЗНМ со декларација за поддршка на Зоран Божиновски

-

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска упати поддршка за притворениот новинар Зоран Божиновски.

„Бараме од судските власти Божиновски веднаш да биде ослободен од вина и да биде пуштен на слобода од Истражниот затвор во Скопје. Колегата Божиновски на 7 ноември 2013 година беше уапсен во Нови Сад со потерница од Интерпол, како еден од осомничените во случајот „Шпион“, со обвинение за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена според Кривичниот закон на Македонија и оттогаш се наоѓаше во екстрадиционен притвор. Поради неможноста во Македонија да му се овозможи праведен судски процес и поради политичкиот прогон, Божиновски во меѓувреме побара азил во Република Србија. Тој ја чекаше одлуката од слобода, но и покрај настојувањата на здруженијата на новинарите на двете земји српските власти да му дадат азил на Божиновски, тие му го одбија барањето и тој на 21 овој месец експресно беше екстрадиран во земјава и притворен“, стои во соопштението.

Од ЗНМ се уверени дека овој случај ќе биде забележан во историјата на македонското новинарство како класичен пример за постигнување ефект на страв, дисциплинирање и на самоцензура кај новинарите, истовремено уште една лоша порака за другите новинари кои ги истражуваат врските на бизнисот, политиката и на криминалот и целосно обесхрабрување на истражувачкото новинарство во земјава.

„Нашата порака е јасна и недвосмислена: Божиновски мора да биде ослободен веднаш! Неприфатлив е каков било друг исход од ова политички монтирано обвинение за негова наводна кривична одговорност. Колега Божиновски, ние членовите на ЗНМ, со оваа декларација изразуваме подготвеност и те уверуваме дека со заеднички сили ќе ја водиме оваа битка до краj“, стои во декларацијата на здружението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...