fbpx

Видеопорака на Кундерс: Македонија е на крстопат, излезете и гласајте за својата иднина

-

За да се доближат до Европа, македонските гласачи треба да се заложат за владеење на правото, за слободни медиуми и против корупцијата, вели во видеопорака министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс.

Тој ги повика македонските гласачи на 11 декември да излезат на гласачките места и да донесат одлука за иднината на земјата.

„Холандија е долгорочен пријател на македонската демократија. За неколку дена Македонија се соочува со историски крстопат. Како министер за надворешни работи на Холандија, не можам да застанам на страната на некоја политичка опција. Меѓутоа, моја должност е да ги застапувам европските вредности. Доколку македонските гласачи сакаат да се доближат до Европа, ќе мораат да се заложат за отчетност и за владеење на правото. Треба да се заложат против корупцијата и за слободни медиуми, независно судство и за демократија. На вас е, како наши пријатели, граѓани и како гласачи од Македонија, да ја побарате слободата и реформите кои се неопходни за приближување на вашата земја кон Европа, кон стабилност и посилна демократија. Излезете на гласачките места на 11 декември и донесете одлука за иднината на вашата земја“, се вели во изјавата на министерот Кундерс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...