fbpx

Утре протест пред Владата поради загадениот воздух

-

Поради загадениот воздух, граѓаните утре ќе протестираат пред зградата на Владата од 12 часот. На настанот, „Станете за чист воздух“, кој што е споделен на „Фејсбук“ се вели дека протестот е граѓански.

„Протестот не е организиран од политичка партија, организиран е од граѓани, од сите нас кои дишеме загаден воздух“, се вели во повикот за протестот.

Активистите за чиста животна средина, исто така ги повикаа родителите, да не ги носат децата на училиште на 20 декември (среда) во знак на протест поради загадениот воздух. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за оваа иницијатива рече дека е „политички мотивирана“.

И утринава, воздухот во сите скопски општини е загаден четири пати повеќе од максимално дозволената граница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...