fbpx
Таг: Збогум Никола

таг: Збогум Никола

Штип побара од ЈП „Исар“ да ги избрише „недоличните“ графити „Збогум Никола“

Графити со содржина „Збогум Никола“, „Оставка“, „Каков крај“, „Грујо оди си“ ја кренаа на нозе Општина Штип. Новинарите со телефонски пораки беа повикани да дојдат на градскиот плоштад и земат изјава од општинскиот портпарол. За Општината ова се недолични политички графити, а ѕидовите, според портпаролот Драган Ристов, не се место каде се прави политички дијалог и каде се креира политика. Општината му дала...

Петрушевски: Си го купив „zbogumnikola.mk“ оти сакав да биде мој

Само еден ден по прес-конференцијата на СДСМ на која Александар Кирацовски ја обвини Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНЕТ) дека овозможила кражба на домен кој бил купен од СДСМ, доменот и третпат смени сопственик. Сега сопственик на доменот „zbogumnikola.mk“ е Ванчо Петрушевски од село Добридол. Новиот сопственик на доменот во телефонска изјава за „Мета“ рече дека сè уште нема идеја што точно ќе прави...

Цензура и на интернет: МАРНЕТ го брани Груевски од „zbogumnikola.mk“

Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНЕТ) реагираше на вчерашната прес-конференција на дополнителниот заменик-министер за информатичко општество, Александар Кирацовски, на која тој обвини дека мрежата овозможила кражба на доменот „zbogumnikola.mk“ кој бил купен од СДСМ. Од МАРНЕТ велат дека веќе пет години функционираат како самостојна јавна установа без ниту една дамка на своето работење и претставуваат лидер во регионот за електронска односно...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не умее да регистрира една веб-страница, а сака да води држава

„СДСМ не умее да регистрира една веб-страница, а сака да води држава. Затоа на СДСМ повторно му е виновен целиот свет. Овојпат СДСМ се скара со интернетот“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Кирацовски. „СДСМ во очај повторно лаже и ја манипулира јавноста. ВМРО-ДПМНЕ не е на никаков начин поврзана со неуспехот на СДСМ да регистрира една најобична веб-страница....

СДСМ купил веб-страница „Збогум Никола“, а МАРНЕТ ја продала на друг

СДСМ регистрирал интернет-страница www.zbogumnikola.com на која се одбројуваат деновите кога премиерот Никола Груевски треба да поднесе оставка, информираше денеска дополнителниот заменик-министер во Министерството за информатичко општество, Александар Кирацовски. Како што кажа Кирацовски, од СДСМ поднеле барање до МАРНЕТ за регистрација на интернет-страницата која требало да се вика „Збогум Никола“. По три часа добиле потврда дека називот, односно доменот, веќе е купен, а...

Шилегов предлага на стоденарките да се удира печат „Збогум Никола“

Петре Шилегов, пратеник на СДСМ и претседател на анкетната комсија за прислушуваните разговори, утрово на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ даде предлог, граѓаните на секоја банкнота од 100 денари да напишат „Збогум Никола“ и да ја пуштат во промет. „Еве ми текна: На секоја банкнота од 100 денари што ќе ви дојде кај вас, напишете #ЗбогумНикола и пуштете ја...

Шилегов: Остануваме пред Владата

И кога ќе се расчисти метежот, остануваме тука - изјави Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, за „Мета“. Тој додаде дека наскоро ќе се постават бини и сцени. Заврши официјалниот дел од протестот кој се одржа пред Владата, а го организираа граѓанските организации и опозициските партии. Неофицијална бројка на граѓани што присуствуваа на протестот е околу 20.000. На протестот говореа политичари, активисти и уметници. Сите тие порачаа дека...

Димитров: Денеска имаме состанок со историјата

На присутните на протестот им се обрати и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Тој им порача на граѓаните дека е време да се направи избор: или оваа власт или Македонија. Димитров рече дека денеска е денот да се стават темелите на идната Македонија. - Разбудени граѓани, празник сте за очи. Денеска имаме состанок со историјата, да ги ставиме темелите...

Дерала, Јаневски и Најчевска: Народот денеска дојде по своето

Дојдов да им порачам на тие што читаат вицеви од говорница, што пејат од говорница, тоа да го прават в затвор, рече во продолжението на масовниот граѓански протест пред Владата активистот Џабир Дерала. - Никој не се плаши од ’рѓосаната сабја. Народот денеска дојде по своето. Дојде време на слобода, правда и на еднаквост. Влезови и згради што не постојат, човечиња за...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...