fbpx
Таг: УБК

таг: УБК

Врховен суд денеска ќе ги разгледува жалбите за притворите од „бомбите“

Иако требаше да почне вчера, седницата на Врховен суд на која треба да се решава за жалбите на одлуките на Апелациски суд Скопје за притвор за обвинетите Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, ќе биде одржана денеска. Одбраната на обвинетите се жалеше до Врховниот суд на одлуките на Апелцискиот суд со кои беше прифатено барањето за притвори што го...

Апелација: Притвор за Грујовски, Јакимовски и за Бошковски – Мијалков останува без пасош

Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство за дел од обвинетите во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ и им одреди притвор на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, на поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков во Управата за безбедност и контраразузнавање, Тони Јакимовски, и на Никола Бошковски, вработен во УБК. Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ некрофилски ги поврзува Смиљковско Езеро со работењето на МВР

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвини министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и СДСМ дека со денешниот брифинг во МВР, на кој беа презентирани фактури, сметки и податоци за трошењето на директорите на УБК и на БЈБ и на министрите во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, „се занимава со ланскиот снег“. „СДС некрофилски се обидува да ги поврзе трагичната сообраќајна незгода во...

Директорите на УБК, БЈБ и врвот на МВР се гоштевале на сметка на државата

Фактури од ручеци и од вечери, чија просечна „тежина“ е околу 500 евра, од кои дел биле и во време на влошена безбедносна ситуација, презентираше денеска МВР. На фактурите се дел од трошењата за репрезентација на поранешните првите луѓе на МВР и на нивните заменици и помошници, како и на директорите на Управата за безбедност и контраразузнавање и на...

Шефот на УБК до вработените: Нè чекаат големи реформи во кои ќе нема простор за компромиси

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Николовски, денеска преку писмо до вработените во УБК, ја презентираше мисијата и визијата за Управата, кои, како што вели, ќе бидат водилка на патот кон „создавање нова служба во согласност со европските стандарди“. Николовски на почетокот на писмото забележува дека на позицијата директор доаѓа во време кога сликата за УБК е...

Уставен суд пресече – ќе расправа дали УБК може да прислушува без судски налог

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да поведе постапка за утврдување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации. Мнозинството судии на седницата изразија сомнеж дека како што е уреден Законот, преку членовите 168 и оспорениот 175, на УБК и на МВР им се овозможува произволно и неконтролирано следење на комуникациите преку телекомуникациските оператори. Уставниот суд сега...

Жестока расправа во Уставниот суд за правото на УБК да прислушува без судски налог

Иницијативата за законитоста и за уставноста на членот 175 од законот за електронски комуникации предизвика обемна и жестока дебата меѓу уставните судии. Во дискусијата се вклучија сите деветмина судии, кои неколкупати ги изложуваа аргументите и се убедуваа за и против прифаќање на иницијативата. Мнозинството судии се за прифаќање на иницијативата бидејќи, како што образложи судијата Ангелина Маркудова, со директниот пристап и...

Уставен суд денеска расправа дали УБК може да прислушува без судски налог

Уставниот суд ја почна расправата за уставноста и законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации, со кој на телекомуникациските оператори во земјава им се наложува „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да ѝ овозможат на УБК да ги следи комуникациите во нивните мрежи, без судски налог“. Судија известител е Ангелина Маркудова. Иницијативата за разгледување на...

Горан Николовски – шеф на УБК, Лазо Велковски – на БЈБ, Владата донесе предлог за смена на Зврлевски

На седницата што се одржува попладнево, Владата донесе одлука до Собранието да поднесе предлог за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, и ги избра новите  директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, односно деловите на МВР кои се задолжени за полициските сили и за тајната полиција и за контраразузнавањето. Горан Николовски...

Во 17 часот нова седница на влада, на дневен ред предлогот за разрешување на Зврлевски

Владата денеска во 17 часот ќе ја почне својата петта седница. Од кабинетот на премиерот информираат дека на дневен ред на седницата ќе се најде предлогот до Собранието на Република Македонија за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија (врз основа на член 67 од Законот за јавното обвинителство), одредени кадровски прашања, како и други актуелни прашања...

Спасовски одлучил за директори на УБК и на БЈБ, ама не ги соопштува до седница на влада

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одлучил кои ќе бидат новите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), но не ги кажува нивните имиња до седницата на влада на која треба да ги предложи. Ова денеска го потврди Спасовски, на прес-конференцијата по повод потпишувањето договор за донација од повеќе од еден милион...

Спасовски уште се консултира, новите шефови на УБК и на БЈБ ќе бидат познати утре или задутре

Премиерот Зоран Заев денеска изјави оти очекува дека в четврток или петок Владата ќе ги разреши старите и ќе ги избере новите директори на Управата за безбедност и за контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Како што рече Заев, сè уште траеле консултациите на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со кандидатите за директори на најважните организации...

Заев: Има три варијанти за продолжување на мандатот на СЈО

Ќе направам сè што е во моја надлежност за рокот за поднесување обвиненија на СЈО да се продолжи, изјави премиерот Зоран Заев, по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство, каде во својство на сведок и оштетен даваше исказ за случајот „Таргет“. Тој наведе три можности за решавање на ова прашање. Едната, како што рече, е преку измени на Законот за СЈО...

Владата денеска треба да ги разреши Чавков и Атанасовски и да именува нови директори на УБК и на БЈБ

Новата Влада денеска треба да одржи седница на која, според најавите, на дневен ред ќе биде разрешувањето на актуелните директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Владимир Атанасовски и Митко Чавков. Ќе се расправа и за состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, користењето на фондовите од ЕУ, како и за...

Детали и куриозитети од извештајот за пропустите на МВР од 27 април

Извештајот на работната група на Министерството за внатрешни работи детектира серија сериозни пропусти на оперативниот штаб и на полицијата при најзината (не)интервенција за време на насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април, кога беа нападнати и повредени пратеници, новинари и граѓани во законодавниот дом. Работната група на МВР, меѓу другото, констатирала: Штабот на Чавков бил целосно во аут Оперативниот штаб...

Спасовски сè уште размислува кои да ги предложи за директори на УБК и на БЈБ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, сè уште не донел одлука кого ќе предложи за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а кого за Бирото за јавна безбедност. - Сум размислувал и ќе размислувам за ова прашање и во наредните денови, а кога ќе донесам одлука, ќе ѝ ја соопштам на јавноста - рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање...

Уште две пријави за насилствата во Собранието, а двајца од УБК на испрашување во СВР-Скопје

Поднесени се две нови кривични пријави за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, до Основно јавно обвинителство Скопје се испратени уште три известувања, а во СВР Скопје е извршен разговор со двајца вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање и за нив ќе биде подготвен поднесок, информира МВР за најновите активности од истрагата за сериозниот инцидент. Исто...

Спасовски: Новата влада ќе спроведе темелни реформи во полицијата и во УБК

Новата влада предводена од СДСМ е одлучна да спроведе темелни реформи во полицијата и во безбедносните служби, изјави денеска пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, кој беше и министер за внатрешни работи во техничката влада за спроведување на изборите на 11 декември 2016 година. Инаку, Спасовски одржа прес-конференција еден час по свеченоста во МВР за одбележување на 7...

УБК му одговорила на СЈО за користењето класифицирани податоци во „Тврдина 2“

Специјалното јавно обвинителство добило одговор од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) на барањето за користење класифицирани информации во судската постапка за случајот „Тврдина 2“, потврдија за „Мета“ од кабинетот на Катица Јанева. Од СЈО не откриваат што им било одговорено, но велат дека за тоа ќе го запознаат судот на рочиштето закажано за 17 јануари. „Од наша страна беа испратени барања...

СЈО, по една недела, од судот го доби записникот од рочиштето за „Тврдина 2“

Специјалното јавно обвинителство вчера го добило од Кривичниот суд записникот од подготвителното рочиште за судењето за случајот „Тврдина 2“, во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму додаваат дека дополнително ќе информираат кога ќе достават барање до Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) за дозвола за декласификација на доказите во обвинението...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...