fbpx
Таг: УБК

таг: УБК

Панчевски, Груевска-Илиевска и Башеска го блокираат СЈО во истрагите „Таргет“ и „Трезор“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од судиите Владимир Панчевски, како претседател на судот, и судијките Дијана Груевска-Илевска (заменик-претседател на судот н.з.) и Љубинка Башеска (судијката во случајот „Пуч“ н.з.), вторпат одбил да издаде наредба за да може Специјалното јавно обвинителство да изврши претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори во врска со случајот „Таргет“,...

СЈО: УБК незаконски прислушувалa 5.817 телефонски броеви

Вкупно 5.817 телефонски броеви незаконски биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање преку нејзините системи за следење на комуникација, во период од 2008 година до 2015 година, откри Специјалното јавно обвинителство во новиот случај „Таргет“, кој го презентира денеска. За десет поранешни и сегашни вработени во УБК, кои се наоѓале на раководни позиции или биле дел од пониски ешалони, постои...

Зад затворени врати продолжува судењето за „Диво Насеље“

Денеска во големата сала на Врховниот суд продолжува судењето против терористичката група поврзана со настаните во Диво Насеље, Кумановско, од 9 и 10 мај минатата година. Денешното, но и следните рочишта закажани за овој месец, ќе бидат затворени за јавноста оти ќе се презентираат транскрипти и извештаи од посебните истражни мерки на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во врска...

Мијалков си замина од распитот, судијата ќе решава дали ќе му го земе пасошот

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и актуелен член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, по речиси двочасовен распит го напушти Кривичниот суд. Тој излезе од истиот спореден влез на зградата на Кривичниот суд од каде што и влезе, а неколку минути подоцна и припадниците на специјалните полициски сили го одблокираа влезот. Засега од судот нема...

Мијалков пристигна на распит во Кривичен суд

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и актуелен член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, денеска точно напладне се појави во Кривичниот суд Скопје, каде, според информациите, треба да даде исказ за случајот „Трезор“ на СЈО во кој тој е еден од осомничените. Мијалков во судот влезе од споредниот источен влез, придружуван од уште две лица. Освен Мијалков, денеска...

СЈО: Со помош на експертот од „Ериксон“ ги зедовме сите податоци од УБК

Со помош на надворешниот експерт од шведската компанија „Ериксон“, денеска од помошните сервери во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Специјалното јавно обвинителство ги одзело сите податоци што ги бараше со судска наредба. Ова попладнево го соопшти СЈО, од каде додаваат дека одземените податоци ќе бидат дополнително анализирани и сите наоди ќе бидат „благовремено споделени со јавноста“. „Во текот на денешниот...

Спасовски: Со МВР раководам јас, а директорите на БЈБ и на УБК „можеби малку опструираат“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврди дека со МВР раководи тој и дека во министерството нема двовластие, туку само фракции, кои постоеле отсекогаш. Спасовски, во интервју во емисијата „10 Минути“ на „ТВ21“, вели дека во моментов во МВР се работело попрофесионално и постабилно од времето кога со министерството раководеле министри од ВМРО-ДПМНЕ. „Ниту во моментов, ниту во кое било време...

„Ериксон“ контра Чавков: Не сме сопственици ниту оперираме со опремата за прислушување

„Ериксон“ не е сопственик, ниту оперира со опремата за законско пресретнување на комуникациите, се вели во соопштението што денеска го испратија од шведската компанија. Оттаму потврдуваат дека на 19 октомври добиле барање од Специјалното јавно обвинителство за техничка асистенција во истрагата што СЈО ја спроведува во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), но не соопштуваат повеќе детали и за сите понатамошни информации...

СДСМ: Соработниците на Груевски и на Мијалков да престанат со опструкциите на СЈО и на МВР

Специјалното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи мора да бидат оставени професионално да ја завршат својата работа во интерес на правдата, за да ја вратат довербата на граѓаните во институциите, реагираат денеска од опозицискиот СДСМ, во врска со случувањата на линија СЈО - УБК од изминатите денови. „Владеење на правото во оваа земја мора да има и секој што...

СЈО: Безбедноста на опремата ќе биде на товар на УБК, бидејќи не пуштаат наши истражители

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, денеска го известил Специјалното јавно обвинителство дека не дозволува истражители на СЈО физички да бидат присутни во УБК додека не дојде надворешниот експерт, кој треба да помогне во извлекувањето на податоците од системите за прислушување. „Откако беа прибавени поголем дел од податоците, а за целосно спроведување на судската наредба, во текот...

Ристоска: Ќе продолжиме со работата во УБК, министерот вети безбедност за тимот

Специјалната обвинителка Ленче Ристоска информираше дека вечерва во зградата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) нема да има ниту еден истражител или обвинител од СЈО. Таа истакна дека го повикале и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и од него побарале да се обезбеди непречена работа. - Од министерот побаравме да се погрижи за безбедноста на вработените лица на СЈО....

Јанева се враќа во УБК за да види зошто ѝ го избркале истражителот

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, вечерва повторно се враќа во Управата за безбедност и контраразузнавање бидејќи истражител на СЈО бил отстранет од просторијата во УБК, информираше таа во гостувањето на „Топ-тема“ на телевизија „Телма“. Јанева појасни дека и покрај тоа што обвинителите ја напуштиле УБК, сепак таму имало истражители кои останале за да следат кој и што работи додека не...

СЈО зеде дел од податоците од УБК, за другите ќе се чека надворешен експерт

Специјалното јавно обвинителство од УБК ја одзело целата документација со наредби за посебни истражни мерки за следење на комуникациите, книгите за евиденција и дел од компјутерските податоци од системот за прислушување, соопшти попладнево СЈО. Оттаму велат дека останува уште да се одземат компјутерските податоци за кои била потребна асистенција од надворешен експерт. „Одземени се сите наредби за посебни истражни мерки за следење...

Заев: Прислушувањето е кривично дело и за тоа мора да се одговара

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на средба со граѓаните во Штип, одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку сведоци има СЈО, рече дека прислушувањето е кривично дело и дека мора да се открие кој прислушувал. „Јас сум Зоран Заев, човекот што ги поседуваше „бомбите“ и ги предаде на Специјалното јавно обвинителство. Да има сведоци макар за еден процент од...

Неселективно да се спроведе Договорот од Пржино, порача Амбасадата на Словачка

Словачката амбасада ги повика државните институции и политичките партии да се придржуваат до Договорот од Пржино и да не ја опструираат работата на Специјалното јавно обвинителство. „Словачкото претседателство во Советот на ЕУ нема да ги коментира изјавите на Министерството за внатрешни работи, ниту на Специјалното јавно обвинителство на оваа тема. Сите страни ги повикуваме на доследна и неселективна имплементација на...

Странците едногласно предупредуваат: Не застанувајте на патот на СЈО

Меѓународната заедница, која посредуваше во постигнување на Договорот од Пржино, по опструкциите на кои наиде истрагата на СЈО во УБК, посочија дека Катица Јанева треба да ја има поддршката на сите институции при спроведувањето целосни и независни истраги. Гарантите на Договорот од Пржино во одделни реакции по вчерашните настани потсетуваат дека решавањето на политичката криза е клучно за враќањето на...

Коцијанчич: Поддршката и почитувањето на СЈО се обврска на сите институции

Европската Унија ги охрабрува сите институции во земјава да дејствуваат во рамките на обврските од Договорот од Пржино и да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство без никакви опструкции, вели за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, во врска опструкциите што му се прават на СЈО во истрагата во Управата за безбедност и контраразузнавање. Таа ја нагласува и...

Гарет: Со блокади на СЈО нема одржлива разврска на политичката криза

Никој не треба да им застанува на патот на истрагите на Специјалното јавно обвинителство бидејќи во спротивно нема да има одржлива разврска на политичката криза, вели амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет, во својот коментар за истрагата на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Гарет, без да коментира конкретни детали од истрагата, ја истакнува важноста на работата...

Амбасада на САД: На СЈО мора да му се овозможи да спроведе целосна истрага

На специјалната јавна обвинителка мора да ѝ биде овозможено да спроведе целосна и независна истрага, без никакви опструкции, а државните институции и политичките партии треба да соработуваат, велат за „Мета“ од Амбасадата на Соединитетите Американски Држави во Скопје, во врска со истрагата на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Оттаму посочуваат дека утврдувањето на одговорноста за незконското прислушување...

Спасовски: Како може сам себеси да си правам пуч?

Законот мора да се почитува, судските наредби мора да се спроведат и на СЈО да му се овозможи да ја заврши својата работа, изјави попладнево министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој рече дека прес-конференцијата ја свикал за да даде детални информации и да ја појасни ситуација за тоа што вчера и денеска се случува во Управата за безбедност и...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...