fbpx
Таг: Самуел Жбогар

таг: Самуел Жбогар

Жбогар: Среќата е на страната на храбрите, но мора да сме трпеливи и да видиме

Европската унија гледа добра волја на двете страни за решавање на спорот за името меѓу Грција и Македонија, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за „ТВ 24“ и додава дека подобрената атмосфера ќе го олесни справувањето со ова чувствително прашање. - Ги разбирам емоциите околу ова прашање, како и грижите и фрустрациите околу овој спор. Но, мора да се запрашате,...

Жбогар: По конгресот очекувам конструктивна, а не деструктивна ВМРО-ДПМНЕ

Се надевам дека по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ следната недела, ќе добиеме опозиција која нема да биде посветена само на тоа деструктивно да ги спречи работите кои се случуваат, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за неколку медиуми, пренесува „Алсат М“. - Подобро е да имаме опозиција која ќе и конкурира конструктивно на Владата, со идеи, предлози и сугестии, како да...

ЕУ на МВР му донираше возила и опрема вредни околу четири милиони евра

Македонската полиција денеска доби донација од Европската Унија во возила и опрема вредна околу четири милиони евра. Донацијата, со која треба да се подигнат капацитетите на граничната полиција, се состои од осум комбиња, осум патнички возила, осум четирицикли и пет специјални возила за надзор на границата со термални камери, од кои едно опремено со радар, потоа 100 рачни радио терминали...

Заев вети владина помош на општините за враќање на долговите

Премиерот Зоран Заев најави план за помош на општините во справувањето со долговите кои надминуваат 200 милиони евра, упатувајќи порака до градоначалниците да се воздржат од политизација на администрацијата и да применат креативност во надминувањето на предизвиците. - Може ќе заминете од функцијата посиромашни, но ќе бидете посреќни - рече Заев на Националниот форум за градоначалници, кој се одржува денеска и вчера...

Жбогар: Ако се совпаднат визиите на Владата и на Јункер, ќе има добри резултати за Македонија

Доколку реформската визија на Владата и визијата на Европската Унија за Западен Балкан, што во февруари следната година треба да ја претстави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, се совпаднат, тогаш можеме да се надеваме да видиме добри резултати околу евроинтрегациите на Македонија, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар. - Тоа што генерално го споделуваме е оптимизам дека работите се одвиваат во правилна...

Жбогар и евроамбасадорите повикаа на избори без заплашување и без насилство

Делегацијата на ЕУ и на амбасадите на земјите членки на ЕУ денеска порачаа дека локалните избори на 15 и на 29 октомври се можност за граѓаните да ги изразат своите гледишта за правецот во кој нивните општини треба да се движат во иднина. „ЕУ ги охрабрува политичките лидери, нивните партии како и релевантните чинители да го искористат изборниот процес за...

Жбогар: Политичките лидери и партиите да ги спроведат изборите без заплашувања и насилство

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Самуел Жбогар, денеска преку видео-обраќање по повод локалните избори в недела ги повика граѓаните да го исполнат своето право на глас, а политичките лидери и партиите да ги спроведат изборите без „заплашувања и насилство“. Жбогар порака ја испрати на македонски јазик. - Локалните избори на 15 октовмри се можност за вас граѓаните да ги изразите...

Медениот месец на Владата заврши, препораките на Прибе останаа, порача Попоски

Корисно е практиките од првите 100 дена на Владата да се напуштат во пресрет на реформите за кои е неопходен национален консензус, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, на денешната седница на Националниот совет за европски прашања при Собранието на Република Македонија, на која беше конституиран новиот состав. - Владиниот меден месец заврши, препораките од извештајот на Прибе останаа. Европската...

Заев – Жбогар: Постои голем оптимизам во Брисел дека Македонија оди напред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, а на средбата Заев порачал дека владата е решена да гради квалитетен живот за сите граѓани. Евроамбасадорот, како што извести Владата, рекол дека во Брисел постои оптимизам за идните чекори на Македонија и дека земјата ја има досега најголемата шанса за напредок во евроинтеграциите. - Постои голем оптимизам во Брисел...

Шекеринска и Бартол го честитаа Денот на независноста од врвот Мусица кај Крушево

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и морнаричкиот капетан Горазд Бартол, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО, денеска од врвот Мусица на Бушева Планина им го честитаа 8 Септември, Денот на независноста, на сите граѓани на Република Македонија. Придружувани од амбасадорите на ЕУ, Самуел Жбогар, на Обединетото Кралство, Чарлс Герет, одбранбени атаеши во Македонија, членовите на планинарското друштво „Ристо Карпуш“,...

Заев: Ќе има нула толеранција за изборни злоупотреби

Испраќам порака до владините и до државните институции дека ќе има нула толеранција за изборни злоупотреби, рече премиерот Зоран Заев на денешната конференција „Одвојување на државата од политичките партии“, во организација на Граѓанската асоцијација „Мост“. - Владата на Македонија гради институции за и на граѓаните и има цел на претстојните локални избори да ги заштити граѓаните од партиски злоупотреби. Вршителите...

Жбогар: Договорот со Бугарија е пример како може да реши долгогодишен проблем

Евроамбасадорот Самуел Жбогар синоќа го поздрави договорот за добросоедство со Бугарија и истакна дека тоа е пример како две држави можат сами да решат проблем кој постоел многу години. - Јас морам да го поздравам овој договор затоа што мислам дека е договор кој ќе ги промени односите не само меѓу двете земји, туку и во регионот. Тоа е пример...

Жбогар: Не сум загрижен за конкретната имплементација на планот „3-6-9“

Евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Струга изрази оптимизам во однос на имплементацијата на реформскиот владин план „3-6-9“. - Од сите страни слушаме заложби и посветеност, од страна на државните институции на Владата и од Собранието, дека тие се посветени да ги направат сите промени поврзани со законските решенија. Јас во моментот не сум загрижен за конкретната имплементација на...

Заев и Жбогар разговарале за реформите во правосудството и во медиумите

Македонскиот премиер Зоран Заев и амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар, денеска имале средба на која се разговарало за претстојните реформи во правосудниот систем, медиумите и за воспоставувањето професионални државни институции, извести Владата. „На состанокот е реафиримирана поддршката на Брисел за реформската Влада во Македонија, која изрази подготвеност за суштински промени во државата за подигнување на квалитетот на животот на...

Османи го презентирал планот „3-6-9“ на амбасадорите од ЕУ и на Рот

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, во просториите на Делегацијата на Европската Унија го презентирал планот „3-6-9“ пред амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ. - Во овој план се опфатени реформите што Владата ќе ги спроведува во претстојниот период од три месеци, односно до одржувањето на локалните избори, а во меѓувреме...

Жбогар: Што поскоро да се финализира договорот за добрососедство со Бугарија

Секогаш е добро да се има добри односи со соседните земји, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар на заедничката прес-конференција со италијанскиот амбасадор Карло Ромео, посветена на самитот ЕУ - Западен Балкан, кој од 12 јуни ќе се одржи во Трст. Жбогар рече дека Брисел очекува што поскоро да се финализира договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија и дека е...

Анѓушев – Жбогар: Новиот закон за енергетика ќе биде донесен до крајот на годинава

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска имал средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, на која на шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава му ја презентирал економската програма на Владата. Анѓушев, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата нагласил дека Владата ќе работи на создавање добра бизнис-клима и на овозможување исти услови за инвеститорите. „Владата ќе работи на реализација...

Жбогар: Следните три месеци се клучни за планот „3 – 6 – 9“

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека е оптимист и дека очекува Владата да го спроведе реформскиот план „3-6-9“ за забрзување на евроатлантските интеграции. Тој нагласи дека е добро што реформите се ставени на хартија и има рокови за нивно реализирање, додавајќи дека во наредните неколку месеци ќе се следи колку Владата ќе може да испорача. - Она што е добро е...

„ЕУ за тебе“ утре во Желино и во Брвеница

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, утре ќе биде во општините Желино и Брвеница, во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“. Тој ќе се сретне со градоначалниците на Желино, Фатмир Измир, и на Брвеница, Енвер Пајазити, и ќе направи увид во некои проекти во овие општини што се финансирани од Проектот на ЕУ за инвестиции во...

Жбогар: Има напредок, но треба да се работи на реализирање на итните реформи

Собраниската Комисијата за европски прашања денеска ја одржа својата прав седница, на која беше разговарано за унапредувањето на европската реформска агенда. Претседателот на комисијата, Артан Груби, побара комисијата да усвои заклучок за Собранието да донесе декларација за забрзување на реформските и на интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во Европската Унија. Ваквиот предлог беше едногласно прифатен од членовите на...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...