fbpx
Таг: проневера

таг: проневера

Тони Јакимовски шефот на кабинет на поранешниот директор на УБК, Мијалков доби шестгодишна казна затвор

„Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 101/19 во јавноста познат како „Специјална каса“ според која обвинетите Т.Ј. и С.М. ги огласи за виновни за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.1 од КЗ и ги осудува на казна затвор и тоа: Т.Ј. на казна...

Стив Бенон, екс-советникот на Трамп уапсен за проневера на донации за изградба на ѕидот на границата со Мексико

Стив Бенон, поранешниот советник – главен стратег на претседателот на САД, Доналд Трамп, е упасен вчера и обвинет за измама на „стотици илјади донатори“ во онлајн-кампања за собирање пари за изградба на ѕид долж границата на САД и Мексико, јавија американските медиуми. Бенон (66) е обвинет за измама заедно со тројца други поддржувачи на Трамп. Тие собрале 25 милиони американски...

Кривична за четиримина од УБК, подигнале 824.000 евра „за посебни намени“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) денеска соопшти дека ја завршило истрагата почната во март годинава и поднело обвинителен акт за четворица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Тројца од нив со обвинителниот акт се товарат за Злоупотреба на службената положба и овластување, а еден за помагање во извршување на тоа кривично дело. Според...

Поранешниот градоначалник на Демир Капија повикан на разговор во Финансиска полиција

Поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев, ќе биде кривично гонет заради продажба на општински објект на негов роднина, јави „Алсат - М“. Според телевизијата, во периодот 2008-2009 година, објектот бил реновиран со 500.000 евра од ЕУ, а потоа бил продаден на роднина на градоначалникот Димитриев, за сума од 32.500 евра. Како што дознава „Алсат-М“, по продажбата, објектот бил...

Бугарскиот разузнавач што „го врбувал“ Љубчо Георгиевски, доби 15 години затвор

Затворска казна од 15 години и конфискација на имотот е денешната пресуда за поранешниот шеф на бугарската разузнавачка служба, генерал Кирчо Киров, јави бугарскиот „Де Факто“. Киров го привлече вниманието на македонската јавност во 2015 година со тврдењето дека бугарската разузнавачка служба врбувала многу видни имиња во ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и нејзиниот прв претседател, Љубчо Георгиевски. Тој е осуден за злоупотреба на...

Трамп: Тоа со Манафорт било пред многу години, зошто Хилари не е во фокусот?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод обвинувањата против поранешниот шеф на неговата кампања, на „Твитер“ порача дека фокусот би требало да биде на Хилари Клинтон. Трамп повторно ја употреби конструкцијата „нечесната Хилари“. „Извинете, но ова било пред многу години, пред Пол Манафорт да стане дел од кампањата на Трамп. Зошто нечесната Хилари и демократите не се во фокусот“, праша Трамп. https://twitter.com/realDonaldTrump/status/925005659569041409 Поранешниот шеф на неговата...

За милионскиот грабеж во НЛБ, поднесени обвиненија против осум лица

Основното јавно обвинителство - Скопје до Основен суд Скопје 1 поднело обвиненија против осум лица, вработени во НЛБ, за кражбата на околу три милиони евра од трезорот на банката. Со обвиненијата се побарани и мерки за обезбедување присуство, односно за првите тројца обвинети е побарано продолжување на притворот, а за едно лице е определена мерка за претпазливост. Обвинителството утврдило дека во...

Марин ле Пен под истрага за проневерување пет милиони евра од европски фондови

Против ултраконзервативката Марин ле Пен се води официјална истрага во Франција поради проневерување финансиски средства во Европскиот парламент. Според француското законодавство, отворањето ваква истрага е еднакво на поднесување обвинение. Наводната злоупотреба на средствата на парламентот се одвивала од 2012 година, а во неа, покрај Ле Пен, се вплеткани и други претставници на партијата Национален фронт. Станува збор за сума од 5...

Драган Даравелски уапсен во Белград, потвди МВР

Поранешниот директор на Царинската управа на Македонија, Драган Даравелски, е уапсен од српската полиција во Белград, врз основа на потерница распишана од македонски власти, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Даравелски, кој беше директор на царината во периодот од 1999 до 2002 година, повеќе од една деценија се бараше со потерница од македонските власти, но Белград сè досега...

Алекс Рондос пред кривичниот суд за проневера на девет милиони евра

Мистериозниот грчки дипломат Алекс Рондос, со кој се поврзани шпекулации за тајна дипломатија со македонската влада за спорот за името, ќе биде изведен пред суд под обвинение за проневера на девет милиони евра од грчкото Министерство за надворешни работи. Се работи за корупциски скандал кој ја потресе Грција минатата година. Според обвинението, преку невладината организација „Интернешнл мајн инишијатив“, која работела...

Благајник од штипската болница осомничен за проневера на 23.000 евра

Благајник во штипската клиничка болница е осомничен за проневера на 1,4 милиони денари или околу 23.000 евра, јавуваат медиумите. Кривичната пријава до Основното јавно обивнителство Штип била поднесена од Упрвата за финансиска полиција, која по извршената контрола на годишниот извештај за 2014 година, констатирала дека осомничениот повеќепати проневерил и присвојувал пари наплатувани врз основа на полагање стручен испит, лекарски прегледи за возачки...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...