fbpx
Таг: Општина Центар

таг: Општина Центар

Герасимовски пред ресорните министри ќе ја претстави иницијативата за пренамена на дивоградбите

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар пред ресорните министри за правда, Кренар Лога и транспорт и врски, Благој Бочварски ќе ја презентира иницијативата нелегалните објекти наместо да се рушат да се пренаменат во функција на општините. Герасимовски побарал средби со Бочварски и Лога, бидејќи двете министерства со кои тие раководат, се предлагачи на двата закони во кои треба да се...

Скопските кафулиња „Интермецо“ и „Мош“ со забрана за работа од 10 дена

Кафулињата „Интермецо“ и „Мош“ ќе добијат забрана за работа од 10 дена поради пречекорување на работното време до 1 часот по полноќ, соопшти Општина Центар. Пазарната инспекција изготвила записници за затворање, а решенијата до локалите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден. Според Општината, забраната е резултат на зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти...

Герасимовски во хрватско Крижевци: И Општина Центар ќе се стреми да биде енергетски независна и самоодржлива

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој е во работна посета во Загреб како гостин и учесник на семинарот „Енергетска транзиција на Хрватска и земјите од регионот“, ја посетил Општина Крижевци, која е пример за искористување на сончевата енергија преку фотоволтаични панели. „Општина Крижевци е примерот кон кој се стреми и Општина Центар, а тоа е енергетски независна и самоодржлива...

Мета факт: Во зародиш е ветувањето за нова административна зграда, младински центар и подземен паркинг во Дебар Маало

Градоначалникот на скопската општина Центар, Горан Герасимовски во предизборниот период пред локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година пред граѓаните вети дека населбата Дебар Маало ќе добие нов лик преку изведба на нова општинска зграда со Младински центар, подземен паркинг и ново шеталиште со парк. Ова предизборно ветување е во самиот зародиш на исполнување и можеме да...

И денеска високо загадување на воздухот, Скопје 10-ти најзагаден град во светот

Веќе неколку дена по ред, Скопје се наоѓа на листата на 10-те најзагадени градови во светот. Со US AQI индекс на квалитет на воздухот од 170, македонскиот главен град претпладнево се најде на 10-тата позиција на најзагадени градови. Црвениот аларм за нездрав воздух веќе неколку дена е вклучен на веб-страницата IQAir. Претпладнево во Скопје загрижувачко загадување има на речиси сите...

Врвните успеси на десет ученици и студенти им ја донесоа наградата „Феникс“ на Општина Центар

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска ја додели годишната награда на Општина Центар, „Феникс“ за 2022 година. Годинава признание добија десет ученици и студенти што се истакнале во различни спортски дисциплини, во стопанството, уметноста, образованието, како и во други области на трудот и творештвото и покажале исклучителни резултати на натпреварите, информираат општинските власти. „Добивањето награда е причина за задоволство...

Нетранспарентност: Повеќето општински советници од Центар и Чаир над три недели не одговараат на прашања

Најголем дел од советниците од општинските совети од Чаир и Центар ги игнорираат новинарските прашања кои Мета.мк и Порталб.мк ги поставија пред повеќе од три недели. Во Центар ги прашавме на темата за поскапувањето за зонското паркирање на ЈП ПОЦ, како и транспарентноста и отвореноста на седниците на општинскиот совет во Чаир. Од вкупно 50 советници во советите на...

Една година по изборите, ги прашавме советниците од Центар и Чаир за теми од интерес на граѓаните

Во октомври лани се одржаа локални избори во земјава, со кои 80 општини и Градот Скопје добија нови градоначалници и совети. По 12 месеци функционирање на новите  раководства на локалните самоуправи, Мета.мк и Порталб.мк се одлучија да им пишат на советниците во две општини од земјава и да ги прашаат за теми што се од големо значење за граѓаните. За...

Мош, Мечос, Локал 45 и Интермецо добија казни до 800.000 денари за гласна музика

Локалите Мош, Мечос, Локал 45 и Интермецо се казнети со платен налог за наплата на глоба во висина од 360.000 до 800.000 денари, во зависност од тежината на сторениот прекршок за гласна музика, соопшти утрово Општина Центар. Од Центар велат дека општинскиот Сектор за инспекциски работи во периодот од мај до септември спровел акции за мерење на бучавата од гласна...

(Галерија) Локализиран пожарот во кој изгореа бараки во центарот на Скопје близу домот „Даре Џамбаз“

Пет против пожарни возила од скопската Противпожарна бригада за околу еден час успеаа да го локализираат пожарот во бараките близу домот „Даре Џамбаз“ во центарот на главниот град. Според првичните информации, во пожарот нема повредени, а бараките биле напуштени. На местото на настанот се појави и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, како и членовите на Кризниот штаб на општината....

Да ги храниме економиите не депониите – банките за храна помагаат во борбата против гладта [фото]

Да ги храниме економиите, а не депониите. Ова е мотото на Банката за храна Македонија, која веќе 12 години неуморно се бори против фрлањето на храна како отпад во земјава и против гладот меѓу македонските граѓани. Со Душко Христов, основач и раководител на организацијата, разговаравме во нивните простории во Скопје во периодот кога се подготвуваа месечните пакети кои ги...

Во соработка со УНДП, Општина Центар ќе ги активира невработените жени и лицата со попреченост

Општина Центар и УНДП потпишаа Меморандум за соработка при вработување на жени и други ранливи групи на граѓани преку испорачување на социјални услуги за нега, помош и одмена на семејна грижа во домот и заедницата, соопштија од Општина Центар. Како што велат од Општината, тие ќе основаат Центар за испорачување на социјални услуги за нега во кој корисниците ќе можат...

Герасимовски: УХМР најави ново невреме, затворете ги прозорците и обезбедете го објектот ако протекува

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски преку соопштение до јавноста посочи дека УХМР и за денеска издаде предупредување за невреме и упати апел до граѓаните да бидат претпазливи, да избегнуваат движење надвор додека трае невремето, да ги затворат прозорците и соодветно да го обезбедат нивниот објект ако протекува. Како што се вели во соопштението, службите на општина Центар изминатото деноноќие...

„Шанса за Центар“: Кај „Треска“ се случува помирување и нормализирање на урбицидот

Локалитетот кај фабриката „Треска“ нуди извонредни услови за нови содржини кои би им донеле специфичен квалитет на идните корисници, но по вчерашната прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар добивме помирување и нормализирање на урбицидот, велат во реакцијата од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“. Од „Шанса за Центар“ посочуваат дека нивен впечаток од неодамнешната прес-конференција е дека наместо квалитетно планирање на...

Се расчистува просторот во „Треска“, следува ли бетонизацијата и на овој дел од градот?

Сопствениците на земјиште во кругот на некогашната фабрика „Треска“ започнаа со расчистување на старите објекти. Според градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски до општината пристигнале 36 барања за издавање решенија за отстранување од кои одобрени се 13. Чистењето на просторот ќе го вршат самите сопственици и ќе се одвива во неколку фази. Герасимовски вели дека по пожарот пред пет месеци...

Општина Центар ќе отстрани 4 дрвја за изградба на градинка во населба Пролет, но ќе насади 20 јавори

Општина Центар најави дека поради изградбата на детска градинка во населба Пролет, ќе наложи да се отстранат 4 дрвја за да се ослободи простор за градинката. Од општината посочуваат дека подоцна во дворот на градинката ќе пресадат 4 јасени, а на местото на отстранетите дрвја ќе засадат 20 јавори. Како што посочуваат од Општина Центар, првата детска градинка во населба...

Шанса за Центар: Заканите со тужби се обид за да се најде оправдување за постапките што ќе следат

По објавувањето на стравувањата за можно разрешување на урбанистичкото уредување на подрачјето на фабриката „Треска“ на начин на кој ќе се занемари јавниот интерес, од граѓанската иницијатива Шанса за центар тврдат дека биле цел на организирана кампања полна со манипулации, невистини и закани. Истовремено, велат дека со настапот предизвикале и реакции, со кои се потврдуваат нивните стравувања. „Шанса за Центар смета...

Шанса за Центар алармира: Кај „Треска“ може да ни се повтори „Холидеј ин“

Шанса за Центар денеска повторно алармираше и ја повика јавноста и институциите на будност за да не се бетонира просторот на некогашната фабрика за мебел „Треска“, како во случајот со висококатниците кај „Холидеј ин“. Велат дека спорниот урбанистички план за Буњаковец, со кој се предвидува изградба на згради и на просторот на фабриката „Треска“ ќе ги обезбеди интересите на поединци...

Молк од институциите за таблата со украинскиот град Севастопољ во „руското“ детско игралиште кај Универзална сала

Повеќе од еден месец Општина Центар, Град Скопје и Министерството за надворешни работи молчат на прашањата поставени од Мета.мк за новото руско игралиште позади Универзална сала, на кое најпрво беше поставена, а потоа беше отстранета таблата со украинскиот град Севастопољ меѓу имињата на руските градови што се испишани на игралиштето. Украинската амбасада во Скопје за Мета.мк кон крајот на декември...

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани, соопштија денес од ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ). Така, на 31.12.2021 година (петок) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15 часот, катната гаража до 17 часот, а шалтерите за издавање на договори во...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...