fbpx

„Шанса за Центар“: Кај „Треска“ се случува помирување и нормализирање на урбицидот

-

Локалитетот кај фабриката „Треска“ нуди извонредни услови за нови содржини кои би им донеле специфичен квалитет на идните корисници, но по вчерашната прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар добивме помирување и нормализирање на урбицидот, велат во реакцијата од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“.

Од „Шанса за Центар“ посочуваат дека нивен впечаток од неодамнешната прес-конференција е дека наместо квалитетно планирање на просторот добиваме помирување со планирањето на градот од страна на инвеститорите, а не на урбанистичките стручњаци и помирување со спроведување на урбанистички планови кои се незаконски, помирување со наследството од „лошите планови на ВМРО-ДПМНЕ“ против кои се протестираше.

Од граѓанската иницијатива додаваат дека нормализација на принципот дека јавниот интерес во планирањето на градот е работа на некој друг, а не на институциите, дека местото на зеленилото е на планините, но не и во градовите, помирување дека треба да живееме во натрупан град без доволно простор за движење и минимум квалитет на живот, како и нормализација и предавство на правната држава, со принципот „важно се гради“.

„Идејата за изработка на Урбанистичко-архитектонски конкурс беше да го вратиме вистинското значење и вредноста на струката планирање и проектирање, онака како што е секаде во светот, а било пракса и кај нас. Конкурсот отвори можност за урбанистичкото планирање со покреативни, компетитивни решенија и размислување преку проекти, а не сурово шпекулантско – инвеститорско планирање и градење. За конкурсот се издвоија средства од општинскиот буџет, се направија стручни комисии за избор и се наградија трудови. Но, сегашната општинска власт со сите сили сака да ги оспори, па дури и да ги скрие од јавноста овие наградени конкурсни решенија кои требаше да бидат основа за нов ДУП за Треска“, велат од „Шанса за Центар“.

Тие велат дека измина речиси една година како актуелниот градоначалник одбива да организира јавна презентација на проектите добиени од конкурсот кои тој ги оквалификува како „неспроведливи“, иако зад нив стои стручна комисија.

„За жал, повторно шпекулантско – инвесторскиот урбанизам победува, а Скопје ја губи можноста за нови и современи решенија во просторот, за зачувување на зеленилото кое веќе постои и простор наменет за граѓаните, а не само профит за инвесторите“, велат од „Шанса за центар“.

Притоа, се додава дека додека се развлекуваат постапките за изработка на нов план, наместо да се разработи најдоброто оценето решение од конкурсот, инвеститорите испраќаат барања за откуп на делови од државното земјиште во „Треска“ за дооформување на парцелите според урбанистички план кој е нелегален.

Потоа врз основа на сопственоста врз земјиштето, велат од „Шанса за Центар“, инвеститорите ќе бараат да им се овозможи градење во обем кој ќе биде најмалку еднаков како оној од урбанистичкиот план со предвидените згради „наполитанки“.

„Тоа впрочем им го овозможува и последната измена на Правилникот за урбанистичко планирање која нетранспарентно во мај годинава ја донесе министерот за транспорт и врски. Правилник кој им донесе мирен сон на инвеститорите“, се наведува во нивната  реакција.

Реакцијата од „Шанса за Центар“ следи откако градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски рече дека сопствениците на објектите започнале со расчистување на старите објекти во фабриката „Треска“, односно Општина Центар одобрила 13 од вкупно 36 барања за издавање решенија за отстранување на објектите.

Се расчистува просторот во „Треска“, следува ли бетонизацијата и на овој дел од градот?

Но, откако ќе се исчисти просторот, како што најави градоначалникот, ќе се срушат и објектите кои се таму.

Герасимовски побара институциите да донесат регулациски план за ДУП Градска четврт 3, кој неколку години е во процедура во Градот Скопје, за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката.

„Со носењето на овој план значително би се олеснила процедурата за одвојување и донесување на план само за просторот кај фабриката Треска, со што приоритет му се дава токму на овој дел од градот“, рече Герасимовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...