fbpx
Таг: мерки за градење доверба

таг: мерки за градење доверба

Заврши седмиот состанок помеѓу Македонија и Грција за мерките за градење доверба

На денешната седма рунда на консултации во врска со мерките за градење доверба помеѓу Македонија и Грција од МНР информираат дека биле усогласени области на соработка кои вклучуваат проекти за поврзување, полициската соработка, европски програми, култура, образование, цивилната заштита, јавната администрација, здравството, соработката меѓу дипломатските академии, како и реализацијата на бизнис иницијативи. Соработка била иницирана и во областа на сеизмологијата,...

Заев – Ципрас: Автопатот „Александар Македонски“ ќе се преименува во „Пријателство“

Крајното решение за спорот со името мора да биде прифатено од двете страни, а во меѓувреме силно сме посветени на мерките на градење доверба, порачаа денеска на прес-конфренција македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот колега, Алексис Ципрас по првата заедничка средба која траеше повеќе од два часа. Заев потенцираше дека Македонија нема територијални претензии кон Грција и за да го...

Димитров и Коѕиас очекуваат „иницијална рамка“ за решавање на спорот за името

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас на денешната средба која се одржала во Солун, изразиле заедничко очекување дека претстојниот состанок на 17 јануари, медијаторот Метју Нимиц „ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името“, се наведува во соопштението кое е усогласено...

Димитров и Коѕиас во Њујорк разговарале за мерките за доверба и за името

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров синоќа во Њујорк имал работа вечера со својот грчки колега, Никос Коѕиас, на која, како што соопшти МНР, било разговарано за мерките за градење доверба меѓу двете земји и за процесот за надминување на разликите околу името. Во соопштението на МНР не се наведуваат повеќе детали од средбата, која била последна од вчерашната „богата“...

Димитров и Коѕиас нема да разговараат за спорот за името

Спорот со името нема да биде тема на претстојната средба на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕиас во Скопје, дознава „Мета“ од добро упатени извори. Коѕиас во Скопје, вообичаено, ќе допатува со автомобил, за да се избегне слетување на аеродромот „Александар Велики“. Димитров и Коѕиас следниот четврток повторно ќе разговараат за мерките за градење доверба,...

Димитров: Не ни требаат стотици споменици за да бидеме горди Македонци

„Оваа Македонија која ја претставувам е позрела Македонија. Нам не ни требаат стотина споменици на плоштадот во Скопје за да бидеме горди Македонци. Оваа Македонија им пристапува на своите соседи без предрасуди и страв“, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во интервју за регионалната телевизија „Н1“. Во интервјуто дадено во Дубровник, за време на Самитот на земјите учеснички во Процесот...

Македонија и Грција одржаа нов состанок за мерките за градење доверба

Претставници на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција одржаа нов состанок за мерките за градење доверба. Состанокот се одржа вчера во Солун, а разговорите ги водеа политичкиот директор на министерството за надворешни работи на Грција, Петрос Мавроидис, и заменик-министерката за надворешни работи на Македонија, Елена Кузмановска. Како што информираат од грчкото МНР, на состанокот се разговарало за...

Попоски и Коѕиас во Њујорк разговарале за мерките за градење доверба

Мерките за градење доверба беа една од главните теми за кои денеска во Њујорк разговараа министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Двајцата министри одржаа средба на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Како што информираат од грчкото министерство за надворешни работи, средбата поминала во добра клима, а министрите се фокусирале на разговорите...

Коѕиас пред амбасадорите: Нема да дозволиме надворешни мерки и санкции за Македонија

Македонија и Грција ја надминуваат недовербата и се на добар пат за дополнително да ги зацврстат меѓусебните врски, истакна денеска пред македонските амбасадори, конзули и дипломати, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Коѕиас се обрати пред Амбасадорскиот совет и претставниците на македонските дипломатско-конзуларни претставништва по средбата со премиерот Емил Димитриев и со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. Зачестените контакти меѓу...

Попоски: Доаѓањето на Коѕиас е знак за зголемената комуникација меѓу двете земји

Утрешната посета на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, на земјава, е показател за зголемената политичка комуникација и дел од мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција, изјави денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, пред почетокот на Амбасадорскиот совет, кој ќе се одржува во наредните три дена. - Посетата на грчкиот министерот за надворешни работи би...

Коѕиас: Грција чека Македонија да покаже волја за компромис околу спорот за името

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, смета дека во Македонија сè уште не се созреани условите за да може да се прифати компромисно решение за името. Во интервју за весникот „Катимерини“, Коѕиас накратко се задржува на спорот за името, индиректно пренесувајќи порака дека сè уште не се гледа крај на решавањето на дводеценискиот спор, како и дека Грција и понатаму чека...

Попоски: Тензиите кај Идомени да не влијаат на дијалогот за градење доверба со Грција

Шефовите на дипломатиите на Македонија, Грција, Албанија и на Бугарија денеска во Солун разговараат за зајакнување на меѓуграничната соработка за бегалската криза. На средбата учествува македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, и делегација од македонското Министерство за внатрешни работи, кои ќе дискутираат за надминување на предизвиците од бегалското прашање, спречување на нелегалниот шверц на бегалци и на мигранти,...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...