fbpx

Заев – Ципрас: Автопатот „Александар Македонски“ ќе се преименува во „Пријателство“

-

Крајното решение за спорот со името мора да биде прифатено од двете страни, а во меѓувреме силно сме посветени на мерките на градење доверба, порачаа денеска на прес-конфренција македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот колега, Алексис Ципрас по првата заедничка средба која траеше повеќе од два часа.

Заев потенцираше дека Македонија нема територијални претензии кон Грција и за да го докаже тоа ќе ги смени имињата на аеродромот „Александар Велики“ и автопатот „Александар Македонски“ кој ќе се вика „Пријателство“.

– Крајното решение мора да биде прифатливо за двете страни. Мора да водиме интерес на заштита на идентитетот на нашите народи. Да покажеме дека сме посветени, најавувам дека владата ќе промени името на аеродромот и на автопатот кој ќе се вика „Пријателство“. Нашите активности ја покажуваат нашата добра волја. Ова сведоичи дека немаме никакви територијални претензии – рече Заев.

Македонскиот премиер додаде дека Македонија останува посветена на преговарачкиот процес под покровителство на ОН и медијаторот Метју Нимиц и дека тој процес ќе се издигне на повисоко ниво односно дека преговорите ќе ги преземат министрите за надворешни работи за да му се даде „повеќе динамика и суштина во процесот“.

Грчкиот премиер рече дека мора да се најде заедничко прифатливо решение ерга омнес и дека прашањето треба да се реши со прагматизам и чувство на одговорност.

– Го велам ова бидејќи не само што сакаме да го решиме спорот со името туку сакаме да ги поставиме билатералните односи на взаемна почит што прво значи дека мора да се бориме против иредентизмот и дека нема да оставиме дупки што може да направат проблеми во иднина. Зоран ме информираше дека е подготвен да преземе инцијативи кон оваа насока. Од моја страна и јас подговорен сум да преземам акции. Мора да најдеме решение за сите отворени прашања за да може нашиот северен сосед да продолжи на нивниот евроатлански пат – изјави Ципрас.

Тој рече дека се согласиле со Заев мерките за градење доверба помеѓу двете држави да продолжат и додаде дека дека денешната средба која беше прва отвора нови можности да иднината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...