fbpx
Таг: Клуб на пратеници

таг: Клуб на пратеници

Димовски: Предлогот на СДСМ за медиумите е „Гаргамел-закон“

ВМРО-ДПМНЕ го отфрли предлог-законот за медиуми кој СДСМ вчера го предложи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. Според Илија Димовски, член на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, овој закон е противуставен, неевропски и го нема во ниту една држава во светот. - Со законот на СДСМ се предвидува зголемување на казните за медиумите. Исто така, со него се предвидува...

Ванхауте: Избори на кои не учествуваат сите политички партии се проблематични избори

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте денеска, пред почетокот на средбата на работните групи во Клубот на пратеници, рече дека, според него, можно е да се постигне договор за законот за медиуми и дека е добро што политичките партии даваат свои предлози, кои не се конечни решенија, туку само предлози. Тој потврди дека со некои од предлозите има проблем затоа што не...

Ванхауте: Едностраната одлука да се оди на избори ја уништи довербата во процесот

Немам чувство дека партиите сакаат понатаму заедно да работат и да се обидуваат заеднички да ги постигнат целите, изјави белгискиот олеснувач во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, пред вчерашната средба на работните групи во Клубот на пратеници, која почна околу 18 часот. Како главна причина за ваквата состојба, Ванхауте го посочи датумот на изборите, односно „унилатералната одлука“ да се...

Денеска во 10 часот итна средба на работната група за изборите

Денеска во 10 часот, во Клубот на пратеници ќе се одржи итна средба на работната група во врска со прашањето за избрите, информира белгискиот олеснувач Питер Ванхауте. Средбата доаѓа по целодневен молк на политичките партии по пропаднатата лидерска средба во петокот, кога лидерите на четирите најголеми политички партии, со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан и на меѓународната заедница, по повеќе...

Партиите имаат рок до понеделник да предложат решенија за медиумите

Денеска нема да се одржат средби на работните групи за медиумите. По предлог на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, политичките партии треба да предложат можни решенија кои ќе ги презентираат в понеделник. Вчерашната средба на претставниците на партиите во Клубот на пратеници, пак, траела само еден час. В понеделник партиите треба да ги кажат своите мислења во оваа сфера, особено како...

Преговарачите без коментар за новата рунда разговори за медиумите

Денеска во Клубот на пратеници продолжија преговорите на политичките партии за реформите во медиумите што треба да се направат во согласност со Договорот од Пржино. Претставниците на политичките партии и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте не сакаа да коментираат пред средбата за можниот тек на преговорите и за изгледите за брзо решение. Се очекува политичките партии да договорат нов состав за советот...

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници, на која лидерите на четирите политички партии, потписници на Договорот од Пржино, треба да разговараат за изборот на експерти во Државната изборна комисија и за медиумските реформи. На лидерската средба, заедно со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи, се и американскиот...

Политичките партии сè уште далеку од договор за медиумите

Политичките партии кои денеска преговараат за медиумите во Клубот на пратеници во Скопје, повторно не постигнаa напредок околу спорните прашања, дознава „Мета“. Според нашите информации, преговарачите разговарале за Агенцијата за медиуми, но не постигнале решение. Се очекува преговорите за медиумите да продолжат и утре. Денеска ВМРО–ДПМНЕ ги повика новинарските здруженија да достават предлози што тие ќе ги претстават на средбите на работните групи....

Новинарските здруженија повикаа на протест пред Клубот на пратениците

Здружението на новинари (ЗНМ), Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ), како и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), ги повикуваат новинарите, утре во 11 часот, на протест пред Клуб на пратеници за заедно да го изразат незадоволство поради одбивањето на политичките партии да ги вклучат претставниците на новинарите, на медиумите и на медиумските организации во разговорите за подобрување на...

Џафери: За неспроведувањето на анализата на Рамковниот договор одговорна е целата влада

Потпретседателот на ДУИ и вицепремиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Муса Џафери, денеска пред Клубот на пратениците рече дека продолжуваат со дебатата за Охридскиот договор. Како што кажа Џафери, на средбата присуствуваат претставници на политичките партии, универзитетски професори и претставници на невладини организации кои се занимаваат со таа област. - Има различни мислења во однос на тоа дали прашањата за...

Денеска нова средба на работните групи

Денеска во Клубот на пратеници ќе се одржи нова средба на работните групи за финализирање на Договорот од Пржино. Посредникот во разговорите меѓу четирите најголеми политички партии, Питер Ванхауте, изјави дека тие постигнале одреден напредок за отворените прашања од договорот од 2 јуни и од 15 јули, но сè уште нема финален договор. Во изминатите денови, Ванхауте имаше одделни средби со...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...