fbpx
Таг: граната

таг: граната

Експлодира граната во дворот на општината во Северна Митровица, Курти обвинува за терористички напад

Рачна граната експлодирала синоќа во дворот на општината во Северна Митровица, во косовската област населена со мнозинско српско население, причинувајќи единствено материјална штета, јавија косовските медиуми. За синоќешната детонација се огласи и премиерот на Косово, Албин Курти, кој за разлика од полицијата, напиша дека во дворот на општинската зграда всушност биле фрлени две рачни бомби. „Со експлозивна направа беше нападната...

Пронајдена граната од Првата светска војна во Дебреште

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна со калибар 75 милиметри, е пронајдена вчера во село Дебреште. Случајот го пријавил Р.Ш. (46) во Полициското одделение Ропотово. Рекол дека гранатате е пронајдена при ископ на земјиште за градба на верски објект, наспроти ОУ„Вера Циривири-Трена“. Полициските службеници го обезбедиле местото и ја известиле екипата од Дирекцијата за заштита и спасување која безбедно ја подигнала...

Откриена неексплодирана граната од Прва светска војна

Љ.П. (49) од селото Породин, во СВР Битола пријавил дека при обработка на земјоделско земјиште во селото Егри пронашол една неексплодирана артилериска граната од Прва светска војна. Од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.

Три цивили убиени во Украина

Две лица загинаа на истокот на Украина откако нивниот автомобил бил погоден од граната, соопштија украинските власти. Инцидентот се случил на 20 километри од линијата на фронтот. Сепаратистите во регионот на Донецк јавија дека еден цивил загинал во артилериски напад на градот Јанакиев. Дваесет куќи се уништени во нападот. Во судирот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти досега загинаа повеќе од 6.400 лица.

УЧК презема одговорност за гранатирањето на Владата

Паравоената Ослободителна народна армија, во јавноста попозната како УЧК, ја презема одговорноста за гранатирањето на Владата што се случи во петокот вечерта, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“. Според весникот, соопштението со кое се презема одговорност е потпишано од засега непознат командант Куштрими. Досега Владата беше погодена со три гранати во два засебни напади. Од полицијата велат дека двата напади се случиле од...

Граната зароби 500 рудари во Донецк

Околу 500 рудари останаа заробени во рудник откако граната ја погоди електричната централа во Донецк, јавува „Раша тудеј“. Гранатата ја погодила станицата изутринава, околу девет часот по локално време. - Регистриран е напад на станица која го снабдува рудникот „Засјадко“. Заробени се 496 рудари. Се подготвуваме за нивна евакуација - објавија властите. Рудникот „Засјадко“ е еден од најуспешните во украинската индустрија на јаглен.

Киев: Граната фрлена врз украински пратеници

Неидентификувано лице фрли граната врз група пратеници на Врховната рада во центарот на Киев, соопшти денеска украинскaтa полицијата. „Млад човек, чиј идентитет не е утврден, фрлил експлозивна направа врз пратениците“, се вели во соопштението на полицијата. Нема повредени во нападот, а за време на потерата, напаѓачот, исто така, фрлил рачна граната и врз полицијата, притоа повредувајќи едно лице. Во градот Харков, синоќа...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...