fbpx
Таг: Фабрика за афери

таг: Фабрика за афери

ВМРО-ДПМНЕ: Шахпаска ѝ слугува на фабриката за афери на СДСМ

Јагода Шахпаска е најдобар пример за тоа како се уништува професионалниот интегритет на еден доктор, во моментот кога таа одлучила да им слугува на фабриките за афери на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Јагода Шахпаска. „Кога Шахпаска треба да биде портпарол на „клиниката за некрофилија во СДСМ“, единствената клиника што СДСМ ја направиле во здравството и е сместена...

Давидовиќ: Снимањето во судница е скандал и доказ дека МВР и Чавков ги кршат законите

Ги снимаат демонстрантите, снимаат полициски акции, а сега влегоа и во судот да снимаат рочишта. Ова е скандалозно и е доказ дека МВР и министерот Митко Чавков не ги почитуваат законите и дека судот е на колена, вели за „Мета“ адвокатот Звонко Давидовиќ, запрашан за коментар за денешниот обид на тројца припадници на МВР да го снимаат рочиштетот од...

„Фабрика за афери“: Новинарот на „Фокус“, Арсиќ, не откри кој му ги дал личните карти

Новинарот од „Фокус“, Љубиша Арсиќ, кој преку новинарски текстови ја обелодени аферата со фалсификуваните лични карти, денеска во судот сведочеше како сведок на Обвинителството во случајот „Фабрика за афери“. Тој посочи дека 105 лични карти му ги предало непознато лице, а на прашањето дали го знае изворот, Арсиќ рече дека поради новинарската етика и професија нема да го открие изворот што му...

Денеска продолжува судењето на Захир Бекири-Чауш

Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжува судењето на Захир Бекири-Чауш. На рочиштето за случајот „Фабрика на афери“, предвидено е да се сослушуваат сведоци на обвинителството. Бекири се товари за аферата со печатење лажни лични карти, патни исправи и други документи. Скопското обвинителство поднесе обвинение против него и неговиот брат И.Б. Бекири ќе одговара за три кривични дела, односно за изработување и за набавување...

Обвинителство: Уапсени пет лица за случајот „Фабрика за афери“

Во денешната акција во врска со случајот „Фабрика за афери“ биле уапсени пет лица, а при претресите извршени на повеќе локации, запленети се повеќе предмети и докази, кои се дадени за понатамошна анализа, соопшти попладнево Основното јавно обвинителство Скопје. „По барање на Основното јавно обвинителство Скопје и по издадена наредба од надлежен суд, утринава беше извршена координирана акција за наоѓање нови...

Прва седница на Анкетната комисија за аферата со личните карти

Анкетната комисија за расветлување на скандалот со фалсификувањето на личните документи денеска ќе ја одржи првата седница. На дневниот ред има две точки - усвојување на деловник и на договор за работа на комисијата. Комисијата ја води Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател е Љупчо Димовски, а членови се Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Благица Ласовска, Андон...

Анкетната комисија утре ќе пропадне како жртва на затворените седници

Дали Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето ќе биде една од жртвите на кризата во спроведувањето на Договорот од Пржино? Утре e последниот ден кога членовите на Анкетната комисија за прислушуваните разговори ќе можат да сослушуваат сведоци или да одат на посета во некоја од државните институции. Пет дена остануваат до крајниот рок да се одржи седница на која треба...

Ќе се избира претседател на комисијата за аферата со личните карти, СДСМ нема да учествува

Собраниската комисија за прашања на изборите и на именувањата денеска во 11 часот треба да одржи седница. Според дневниот ред, предвидено е да се избере претседател и потпретседател на анкетната комисија што треба да се занимава со расчитување на скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, утринава ни потврди...

Ќе се формира Анкетна комисија за случајот „Фабрика за фалсификувани лични документи“

Пратениците во Собранието денеска донесоа одлука да се формира нова анкетна комисија за фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи. Формирањето на оваа комисија го побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. „Имаме обврска по член 17, член 18 и по член 25 од Уставот на Македонија да им гарантираме на граѓаните слобода и тајност на...

ВМРО-ДПМНЕ бара анкетна комисија за „Фабрика за афери“

ВМРО-ДПМНЕ бара да се формира нова анкетна комисија за случајот „Фабрика за афери“, потврди Илија Димовски, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, оваа комисија треба да одговори на прашањето зошто МВР не реагирало навреме и каква е суштината во комуникацијата меѓу министерот Спасовски и осомничените. Според ВМРО-ДПМНЕ, предлог-одлуката е речиси идентична како и одлуката за формирање комисија за прислушувањето. – Сите знаеме...

СДСМ: Груевски е фабрика за криминал во огромни количества

Проектот „Вистината за Македонија“ ја покажа вистината за криминалното владеење на Никола Груевски, братучедот Сашо Мијалков, фамилијата и на нивното „дил ориентед“ друштво, реагираат од СДСМ на писмената изјава на премиерот Никола Груевски за случајот „Фабрика за афери“. „Додека граѓаните осиромашуваа, Никола Груевски цели 10 години мислеше само на бизнисите на фамилијата, матните зделки на братучедот Мијалков, на тендерите за споменици вредни...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...