fbpx
Таг: долг

таг: долг

Кинеските државни компании до крајот на годината треба да станат корпорации

Сите големи кинески компании кои се во сопственост на централната влада ќе бидат регистрирани како компании со ограничена одговорност или како акционерски друштва до крајот на оваа година, бидејќи официјален Пекинг настојува државните гиганти да ги направи силни, ефикасни и модерни. Околу 90 отсто од компаниите кои се во сопственост на централните и на локалните власти веќе го завршиле тој...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните од оваа влада видоа само долгови

„Граѓаните од оваа влада за овој период од реформи видоа само долгови. Владата на СДС безмилосно ја турка државата во долгови. Од ден на ден долговите на Република Македонија рапидно и енормно се зголемуваат. СДС успеа за неполни два месеца граѓаните да ги задолжи за 70-тина милиони евра“, порача ВМРО-ДПМНЕ преку сопштение денеска. Од опозициската партија велат дека Владата предводена од...

СДСМ: Долгот што ВМРО-ДПМНЕ им го остави на граѓаните е намален за 55 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ покажува срамно непознавање и лаже кога вели дека Владата создала долг од 4,5 милијарди денари, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека со аукциите на домашниот пазар, нето-задолжувањето од први јуни до денес изнесува 1,8 милијарди денари, односно околу 30 милиони евра. „Истовремено, вратен е надворешен долг од 75 милиони...

ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да каже на што ќе ги троши парите од задолжувањата

Без трошка срам, владата на СДС има испланирано до крајот на годината, освен тековните задолжувања, да го зголемат долгот за дополнителни 150 милиони евра, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение утрово. Во соопштението се додава дека досега владата на СДСМ само врз основа на аукции се задолжила околу 70 милиони евра. „Последната аукција изнесуваше 10,6 милиони евра од која само 227.000 евра ќе...

Заев очекува долгот на државата кон стопанството да остане под 700 милиони евра

Премиерот Зоран Заев не очекува долгот на државата кон стопанството да стане поголем од 700 милиони евра. - Сè уште се прават анализи. Стигнавме до ставка од 400 милиони евра. Сепак, не очекуваме долгот на државата кон бизнис-заедницата да надмине 700 милиони евра - рече Заев, пред бизнис-средбата со стопанските комори, одговарајќи на новинарско прашање. Тој рече дека инвеститорите кои ќе почнат...

Град Скопје ќе доставува решенија за присилна наплата на данок на имот

Град Скопје во претстојниот период ќе доставува решенија за присилна наплата на долг за данок на имот и за фирмарина, од физички и од правни лица кои во согласност со законот во предвидените рокови ја немаат намерено својата обврска за 2016 година. „Се известуваат сите даночни обврзници, физички и правни лица, кои во наредниот период на своја адреса ќе добијат решение...

Завршната сметка на буџетот во сенката на дуелот Џафери – Тевдовски

Откако во попладневното продолжение по паузата Собранието ја забрза работата експресно изгласувајќи ги, без гласови против, претседателите и членовите, како и нивните заменици, на комисиите на Собранието и составот на делегациите на Собранието, почна расправата за завршната предлог-сметка на буџетот на Република Македонија за 2016 година. Неа ја образложи министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој го надмина времето од 15...

Министерството за финансии го отплати заемот од „Дојче банк“

Министерството за финансии соопшти дека денеска во целост го отплатило заемот од „Дојче банк“ од 2012 година, во висина од 77,3 милиони евра. Со оваа исплата, јавниот долг ќе се намали за 0,7 процентни поени од домашниот бруто-производ, се вели во соопштението. „Заемот беше со каматна стапка од 6,4 проценти и беше наменет за финансирање на буџетскиот дефицит и за рефинансирање на...

Хоџа: Долгот на државата кон приватните компании е околу милијарда евра

Новата влада треба да направи ревизија на тоа колку должи државата и кои институции колку должат за да можеме понатаму да размислиме дали ние би влегле во преговори за соработка со некоја од тие институции, вели Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Тој вели дека долгот на владата или на...

ВМРО-ДПМНЕ: Досега не се случило образовна институција да остане без струја поради долг

„Колку и да се обидуваат да бараат алиби, фактите говорат дека досега никогаш не се случило студентските домови или која било друга образовна институција да остане без електрична енергија поради долг кон дистрибутерот. Електрична енергија немало само кога се реализирале градежни интервенции во објектите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за образование и наука. „Обврските се...

МОН информираше дека ДСЦ „Скопје“ има долг од 4,5 милиони евра

Министерството за образование и наука информираше дека Државниот студентски центар „Скопје“, под чија закрила функционираат студентските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“, има долгови од 4,5 милиони евра. Од нив, за комунални услуги, греење, комуникации и транспорт долгот е 1,6 милиони евра. „Доколку раководството на ДСЦ „Скопје“ навреме ги намируваше долговите и обврските, немаше да се доведат...

Нема договор за намалување на грчкиот долг

Грција и меѓународните кредитори не успеаја да постигнат договор за потенцијално реструктуирање и намалување на грчкиот долг. На понеделничкиот состанок на Еврогрупата, претставниците на грчката влада, министрите на државите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не се договорија за конкретно намалување на грчкиот долг, нешто на кое грчката влада се надеваше по усвојување на нов пакет мерки кои...

Долгот на „Агрокор“ изнесува 5,4 милијарди евра

Хрватската компанија „Агрокор“ денеска испратила соопштение во кое се наведува дека актуелниот долг на фирмата, заклучно со 31 март 2017 година, изнесува околу 5,4 милијарди евра, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Наведената сума на долгови, по доспеани камати, други позајмици, одложено плаќање на даночни обврски и друго, како што било посочено, не ги прикажува долговите на целата групација,...

УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави петтата листа на должници за долгови доспеани до 31 јануари и за неплатени долгови до 30 април врз основа на данок на додадена вредност (ДДВ), данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата се компании, јавни претпријатија и физички лица. „Македонија пат“ е едно од јавните претпријатија што за неплатен данок...

СДСМ: Јавниот долг во првиот квартал од годинава е зголемен за 28,3 милиони евра

Јавниот долг во првиот квартал од 2017 година во апсолутен износ е зголемен за 28,3 милиони евра, а во најновиот извештај Министерството за финансии лажно сака да прикаже негово намалување пресметано како процент од домашниот бруто-производ (БДП), велат од СДСМ. Оттаму додадваат дека иако пред 40 дена, Министерството за финансии јавно се огради од методологијата на пресметка на БДП на...

Германија ги отфрли тврдењата на Трамп дека им должи пари на НАТО и на САД за одбрана

Германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен, денеска ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија должи „огромна сума“ пари на НАТО и на САД за одбрана, јавуваат светските агенции. „Не постои долг кон НАТО. Парите за одбрана се вложуваат во мировните мисии на Обединетите нации, во нашата европска мисија и во заедничката борба против Исламска држава“,...

Јакимовски ја задолжил Општина Карпош за 10,5 милиони евра, обвини СДСМ

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и „неговите соработници од ВМРО-ДПМНЕ“ ја задолжиле Општината за 10,5 милиони евра, обвинија денеска од општинската организација на СДСМ во Карпош. Од СДСМ велат дека официјалните извештаи на Општината и завршните сметки покажуваат дека само во 2016 година долгот се искачил за нови 5 милиони евра. - Непознато е каде отидоа овие пари, кога изминатата...

СДСМ: Власта во заминување за утре планира нови милионски долгови

Владата во заминување сака утре да ги задолжи граѓаните 15 милиони евра повеќе од обврските што се стигнати за враќање оваа недела, се вели во соопштение на СДСМ. Во него се додава дека Министерството за финансии, според најавената аукција, утре ќе побара 31,7 милиони евра, а за враќање се доспеани 15,8 милиони евра. - Бараме од Кирил Миноски веднаш да објасни за...

УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави најновата 12. листа на должници, на која се наоѓаат вкупно 4.570 компании и граѓани. Станува збор за субјекти кои должат за данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, продонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На списокот се оние кои имаат долгови доспеани за плаќање до 31 август, а се...

Државата на компаниите им должи една милијарда евра, вели Заев

Се претпоставува дека институциите на локално и на централно ниво на компаниите им должат една милјарда евра. Ова денеска го истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со претставници од Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ). Тој додаде дека има многу скриени долгови за кои не се знае, но вети дека во првите 100 дена од формирањето на новата влада,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...