fbpx
Таг: денар

таг: денар

Државниот врв свечено го одбележа јубилејот 30 години монетарна самостојност на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, гувернерката на Народна Банка Анита Ангеловска-Бежоска и бројни претставници на државните институции на Свечена академија го одбележаа јубилејот 30 години од монетарното осамостојување на Македонија. Пред 30 години, на 26 април 1992 година, беа поставени основите на монетарната самостојност. Пред македонските граѓани беа претставени банкнотите на новата македонска валута...

Народна банка: Курсот на денарот е стабилен, менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките

За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците се воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар, соопшто денеска Народната банка. „Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници,...

Владата смирува: Има стокови резерви, денарот останува стабилен

Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, граѓаните да бидат смирени не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи, соопшти денес Владата уверувајќи дека државните институции ја следат состојбата на дневна основа и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните. „Во моментот нема потреба да се стават во...

Еврото не надмина 62 денари, погрешни информации се шират по социјалните мрежи

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка изнесува 61,69 денари и истиот е непроменет во однос на лани, информираат од Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ). „Погрешни се информациите кои излегоа на некои од порталите и на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото....

Нацевска: Денарот е стабилен, „подгревањето“ на инфлацијата е нешто што може да доведе до раст на цените

Денарот е стабилен, уверуваат од Народната банка. Вицегувернерката Емилија Нацевска, објасни дека поскапувањата кои се случуваат во изминатиов период се случуваа заради растот на цените на енергенсите на светските берзи по високиот пад минатата година, како и на привремените нарушувања на синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата. „Ова се промени од привремен карактер, коишто би стивнале до година, а „подгревање“...

Вицегувернерката Нацевска: Девизните резерви се во исклучително добра кондиција, денарот ќе остане стабилен

Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона. На крајот на септември изнесуваат 3 милијарди и 480 милиони евра, што е повеќе за близу 400 милиони евра во споредба со крајот на февруари, пред почетокот на ковид-кризата во нашата земја, вели вицегувернерката на Народна банка, Емилија...

Денарот и банкарскиот систем се стабилни, потврди кредитната агенција „Стандард и Пурс“

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на нашата земја, „ББ-“, со стабилен изглед. Во најновиот извештај на агенцијата одделен акцент е ставен на монетарната политика и мерките на Народната банка во текот на ковид-кризата, девизниот курс на денарот и состојбата во банкарскиот систем, се вели во соопштението од Народна банка. Од „Стандард и Пурс“ напоменуваат дека поставеноста...

Ангеловска-Бежоска: Денарот останува стабилен, девизните резерви се на високо ниво

Клучно е здравствената корона криза, во глобални рамки да стивне до средината на годината, за потоа да се олабават мерките за заштита на здравјето и економијата постепено да се враќа во нормала, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Гласот на Америка“, по повод учеството на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, коишто годинава се...

Бензинот „еуросупер БС-95“ поскапува, цената на другите горива останува иста

Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 67 денари за литар. „еуросупер БС-98“ ќе продолжи да се продава за 69, а „еуродизел“ за 60 денари. Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на...

Горивата поскапуваат за еден денар

Центата на горивата од ноќеска нa полноќ се зголемува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 73,5 денари за литар, „еуросупер  БС-98“ ќе се продава за 75 денари, „еуродизел“ за 67 денари. Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,17 отсто...

НБРМ: Не постојат причини да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот

Народната банка, како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика, цврсто стои на ставот околу оптималноста на постојниот режим на девизниот курс, се вели во реакцијата на НБРМ на изјавата на претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер дека ако државата остане надвор од ЕУ, тоа би можело да значи девалвација на денарот. „Стабилноста на домашната валута...

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар, а на дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 72 денари, на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 74 денари. Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари...

Народна банка донесе стратегиски план за ниска инфлација и стабилен курс на денарот

Советот на Народната банка денеска одржа редовна седница на која ги донесе Стратегискиот план и Програмата за истражувачка активност за периодот од 2019 до 2021 година. „Стратегискиот план за следниот тригодишен период содржи единаесет стратегиски цели кои јасно ја изразуваат определбата за одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, одржување...

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат до два денари

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува од еден до два денари, одлучи денеска Регулаторна комисија на енергетика. Цената на „еуросупер БС - 98“ се зголемува за два денара за литар, на „еуросупер БС-95“ за еден ипол денар, а на „еуродизелот“ се зголемува за еден денар. Просечната цена на суровата нафта во изминатите 14 дена изнесуваше 75,134 долари за барел,...

Бензинот „еуросупер БС – 98“ поскапува минимално

Цените на бензинот „еуросупер БС - 95“ и на дизелот остануваат исти, а цената на „еуросупер БС - 98“ се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новата одлука, цената на „еуросупер БС - 95“ ќе биде 62 денари за литар, а на дизелот 48 денари за литар. Малопродажната цена на „еуросупер БС - 98“ ќе изнесува 64 денари за...

Дизел-горивата поевтинуваат за 1,5 денар, а цената на бензинот останува иста

Дизел-горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден и пол денар за литар, а цената на бензинот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ останува 65 денари за еден литар, а на „еуросупер БС- 98“ е 67 денари за литар. Новата цена на „еуродизел“ ќе изнесува 50,5 денари. Како причина за намалувањето на цените на нафтените...

Бензинот поевтинува за половина денар по литар

Бензинот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на дизел-горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на еден литар „еуросупер БС-95“ изнесува 61,5 денари, а на „еуросупер БС-98“ - 63 денари. Цените на „еуродизел“ и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат, односно остануваат 48 и 36,5 денари за еден...

Одржување на ниска и стабилна инфлација една од целите на Народна банка

Oдржување ниска и стабилна инфлација преку одржување на стабилен курс на денарот во однос на еврото, одржувањето на финансиската стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет, ќе бидат главните активностите на Народната банка, информираат од таму. - Стратегискиот план за 2017 - 2019 година претставува продолжение на претходно утврдените стратегиски цели во спроведувањето...

Богов: Економијата е стабилна, нема опасност од девалвација на денарот

„Македонската економија е стабилна и нема опасност од девалвација на валутата. Деновиве Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) излезе со проекција за економскиот пораст во оваа година од 3,6 проценти, но беше искажана загриженост дека најновите политички случувања и политичка несигурност што владее во Македонија, може да го загрози овој потенцијален економски пораст“, оценил гувернерот Димитар Богов на учеството на пролетниот...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...