fbpx

НБРМ: Не постојат причини да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот

-

Народната банка, како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика, цврсто стои на ставот околу оптималноста на постојниот режим на девизниот курс, се вели во реакцијата на НБРМ на изјавата на претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер дека ако државата остане надвор од ЕУ, тоа би можело да значи девалвација на денарот.

„Стабилноста на домашната валута е клучното сидро за одржување и на ценовната и на финансиската стабилност. Не постојат причини, ниту пак каква било потреба да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот. Во економијата не постојат нерамнотежи кои што би можеле да создаваат притисок врз домашната валута, ниту пак има индиции за отстапувања на курсот од неговото оптимално ниво. Од голема важност е тоа што оваа година екстерната позиција на економијата е исклучително поволна и силна, а Народната банка интервенира со висок нето-откуп на девизи, што дополнително ги зајакнува девизните резерви кои на континуирана основа се одржуваат на високо ниво и создава простор да се реагира на евентуални притисоци и да се одржува силен капацитет за одржување на стабилноста на домашната валута. Оттука, сметаме дека тековниот контекст во државата воопшто не треба да се поврзува со стабилноста на домашната валута, ниту на домашниот банкарски систем. И едниот и другиот сегмент се исклучително здрави и отпорни, и не постојат рационални причини за разнишување на довербата и на тековно позитивните очекувања“, се вели во соопштението на Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...