fbpx

Ангеловска-Бежоска: Денарот останува стабилен, девизните резерви се на високо ниво

-

Клучно е здравствената корона криза, во глобални рамки да стивне до средината на годината, за потоа да се олабават мерките за заштита на здравјето и економијата постепено да се враќа во нормала, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Гласот на Америка“, по повод учеството на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, коишто годинава се одржуваат електронски.

„Мошне е важно шокот предизвикан од појавата на корона вирусот да трае што пократко за да нема поголеми негативни ефекти врз билансите и на фирмите и на финансискиот сектор. Веќе следната година, според проекциите на ММФ се очекува забрзан раст на глобалната економија од околу 5,7 проценти, како и забрзување и опоравување и на македонската економија. Шокот од пандемијата, годинава ќе се одрази со пад на активноста на сите економии. Но притоа, според очекувањата на ММФ, кај економиите во развој и брзорастечките економии меѓу коишто е и нашата, падот ќе биде помал во споредба со оној кај развиените економии,“ рече Ангеловска-Бежоска. 

Гувернерката потсети дека граѓаните треба да бидат спокојни и дека не треба да постои никаква загриженост за домашната валута.

„Како што со години наназад е стабилен, така и отсега натаму, денарот ќе биде стабилен. Потврда за тоа се и инструментите кои што централната банка ги има на располагање доколку е потребно да се употребат во функција на задржување на стабилноста на денарот. Еден од клучните инструменти, секако е високото ниво на девизните резерви од околу три милијарди евра, што и самото по себе е гаранција за стабилноста на домашната валута,“ додаде гувернерката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...