fbpx

Народна банка: Курсот на денарот е стабилен, менувачниците ќе можат да купуваат евра од банките

-

За да се заштити јавноста од ширење непотребна вознемиреност во однос на можноста за купување ефективни странски пари ‒ евра, покрај засилената супервизорска контрола на менувачниците се воведува уште еден дополнителен заштитен механизам на менувачкиот пазар, соопшто денеска Народната банка.

„Имено, со измени и дополнувања на Одлуката за менувачки работи, усвоени од Советот на Народната банка, се овозможува овластените менувачници, при евентуален недостиг на ефективни странски пари – евра, да се снабдуваат од банките, преку склучување договор со банката“, наведено е во соопштението на НБ.

Исто така, од Народна банка нагласуваат и дека според последните расположливи податоци менувачниците располагаат со девизи. Покрај тоа, за да се спречат какви било шпекулации околу девизниот курс, се воспоставува лимит до коj може тој да се движи, водејќи се од курсот по кој менувачниците ги купиле еврата од банките. Со тоа се обезбедува заштита на граѓаните и во однос на цената по којашто ќе може да купат евра од менувачница, доколку имаат потреба.

„Сепак, да истакнеме дека со купување евра граѓаните непотребно се изложуваат на трошоци. Курсот на денарот е стабилен и ќе биде стабилен, за што гарантира Народната банка. Девизните резерви се на стабилно и високо ниво од 3,5 милијарди евра. За оние кои сакаат да купат девизи, девизи на пазарот има“, додадоа од НБ.

Според банката ова е превентивна мерка, којашто се носи со цел да се направи уште еден заштитен слој на менувачкиот пазар, а во контекст на шпекулациите коишто станаа актуелни по почетокот на руско-украинската криза. Таа се презема за да се избегнат фиктивните притисоци на менувачкиот пазар кај овластените менувачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...