fbpx
Таг: Собрание

таг: Собрание

Пратениците денеска ќе дебатираат за загадениот воздух

Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи ново продолжение на 74. седница. На дневен ред се предлог-законот за амнестија во прво читање и информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух во земјава.

Премиерот Груевски треба да сведочи пред Анкетната комисија

Премиерот Никола Груевски денеска, во 11 часот, треба да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Се очекува седницата на која ќе сведочи премиерот да биде затворена за јавноста поради класифицирани информации. На досега закажаните сослушувања не се појавија министерот за финансии, Зоран Ставрески, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и Мартин Протоѓер. Само Груевски и Ставрески побараа презакажување на претходно...

Шилегов: Мијалков се плаши од вистината

„Денеска присуствувавме на продолжението на сагата наречена ,,да се оневозможи почетокот на работата на Анкетната комисија“. Три дена присуствуваме на иста завршница, но во различни сценарија. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да овозможи пред оваа анкетна комисија да се појават повиканите сведоци и тоа сака да го направи според свое определено сценарио“, вели Петре Шилегов, претседател на Анкетната...

Продолжение на 82. седница во Собранието

Првото продолжение на 82. седница денеска ќе се одржи во Собранието на Република Македонија. На дневен ред на седницата се предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за странците, по скратена постапка и предлог-законот за дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лицемерно ги краде нашите проекти

„Без идеи и без резултати зад себе, ВМРО-ДПМНЕ продолжува лицемерно да краде проекти од СДСМ. Безидејното ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден поднесе закон по скратена постапка кој во целост е препишан и украден од предложениот закон за ДДВ на СДСМ и на коалициските партнери“, обвини опозицијата. „Се работи за законот за ДДВ, кој беше поднесен од СДСМ и од...

Ни Протоѓер не сведочеше пред Анкетната комисија

Ниту Мартин Протоѓер, советник на премиерот Никола Груевски, денеска не се појави како сведок во собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушување. По мало препирање на членовите на комисијата околу деловникот и што да се стави како точка на дневен ред, членовите се договорија да се утврдат работните групи од претставници на анкетната комисија, кои ќе одат во институциите за да...

Седница на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на ЦЕИ

Миграциската криза како глобален проблем и меѓусебната поврзаност во ЕУ, се темите за кои денеска во македонското Собрание ќе се дебатира во рамки на седницата на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ). Воведни обраќања на седницата ќе имаат претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, заменикот на генералниот секретар на ЦЕИ, Ерик Церновиц, Јулијана Силјановска, претседателка на ПД на ЦЕИ, и Драганчо Апостоловски,...

Анкетната комисија денеска остана и без сведоци и без дневен ред

Поради тоа што премиерот Никола Груевски денеска не дојде на Анкетната комисија за скандалот со прислушувани материјали се раскараа членовите на комисијата од редовите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Тие се натегаа околу тоа дали премиерот морал или не морал да дојде на денешната седница, како и околу самиот дневен ред на состанокот на комисијата. Инаку денеска Груевски го одложи своето присуство за...

Извештајот на ЕК за Македонија на дневен ред во Собранието

Tретото продолжение на 74. седница, на чиј дневен ред е извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, денеска треба да се одржи во Собранието. Пратениците на ова продолжение треба да расправаат и за предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Законот за градење, Законот за учебници за основно и...

Партиите не можат да се договорат ниту за експертите во ДИК

Се намалуваат шансите утре Собранието да ги изгласа членовите на Државната изборна комисија, направена по теркот на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, дознава „Мета“. Според нашите информации, партиите не можат да се договорат за имињата на тројцата експерти што ќе бидат членови на комисијата. Инаку, според договорот, денеска требаше да бидат познати имињата на експертите, а утре да се...

Декември, месец за сведоци во Анкетната комисија

Од 9 до 15 месецов би требало да сведочат првите сведоци кои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги повикаа во Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги повика Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески со тоа што истакнаа дека ќе побараат седницата на кои ќе сведочат да биде затворена за јавноста. СДСМ, пак, за сведоци во комисијата ги повика...

СДСМ ги предложи Протуѓер, Мијалков и Јанакиески за сведоци на анкетната комисија

Мартин Протуѓер, Сашо Мијалков и Миле Јанакиески се предлозите на СДСМ за сведоци на Анкетната комисија за прислишување. Претходно ВМРО-ДПМНЕ за сведоци ги предложи Никола Груевски, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска. – Со нивните искази се надевме дека ќе придонесат во работата на комисијата – изјави Милошоски.

Николовски до Спасовски: Или биди министер или биди генерален секретар

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, го праша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој е истовремено и генерален секретар на СДСМ, дали ќе си поднесе оставка на една од двете функции. - Според член 36, став 2 од статутот на СДСМ, функцијата генерален секретар и функција во извршната власт се неспоиви. Кога...

Пратенички прашања на седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 77. седница. На седницата ќе бидат поставувани пратенички прашања.

Анкетната комисија за скандалот со прислушување денеска продолжува со работа

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето денеска треба да продолжи со работа во Собранието. Комисијата одржа седница и во петокот, кога претседателот на комисијата, Петре Шилегов, го најави и белгискиот експерт Питер Ванхауте, кој требало да даде исказ за членот 16 од деловникот, кој се однесува на гласањето на претседателот. Тој ја одложи седницата за денеска, со образложение дека дошло до,...

Собраниска комисија за утврдување листа за членови на ДИК

Собраниската комисија за прашања на изборите и на именувањата денеска треба да утврди листа на пријавени кандидати по одлуката за објавување на јавниот оглас за избор на претседател и на членови на Државната изборна комисија. Според информациите од Собранието, на огласот, што заврши во понеделникот, се пријавиле педесетина кандидати. На дневен ред на оваа комисија е и утврдување на предлог за...

Денеска ќе се одржи прва седница на Анкетната комисија

Денеска во Собранието треба да се одржи прва седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, на која треба да биде усвоен комисискиот деловник. Најавени се и седници на комисиите за европски прашања и за финансирање и буџет, кои треба да расправаат за извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година. На дневен ред на Комисијата за финансирање и...

Собраниска расправа за стратегијата за проширување на ЕУ

Денеска во Собранието ќе се одржи јавна расправа за стратегијата за проширување на Европската унија, организирана од Националниот совет за евроинтеграции. Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат и комисиите за здравство и за економски прашања, кои ќе ги разгледуваат соодветните поглавја од извештајот за напредокот на земјата за 2015 година.

Дескоска: Генерации се задолжени за сметка на луксузот на власта

Во расправата за предлог-буџетот за 2016 година, која сè уште трае во Собранието, преовладуваат политичките конфронтации меѓу пратениците. Тие од опозицијата укажуваат на непродуктивноста и на нетранспарентноста при трошењето на парите на граѓаните, како и на преголемото задолжување, кое со еврообврзницата може да достигне и до 50 проценти од БДП. Пратениците од владејачката партија, пак, ги бранат политиките на партијата и тоа што досега го сториле...

Во Собранието ќе се дебатира за загадувањето на воздухот

Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднела информација за загадувањето на воздухот за која пратениците треба да дебатираат, рече пратеникот Стефан Богоев од СДСМ на дебатата „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“ во организација на граѓанската асоцијација „Мост“. - Денеска како пратеничка група до Собранието поднесовме информација за загадување на амбиенталниот воздух во Македонија. На првата наредна собраниска седница, која...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...