fbpx

Анкетната комисија денеска остана и без сведоци и без дневен ред

-

Поради тоа што премиерот Никола Груевски денеска не дојде на Анкетната комисија за скандалот со прислушувани материјали се раскараа членовите на комисијата од редовите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Тие се натегаа околу тоа дали премиерот морал или не морал да дојде на денешната седница, како и околу самиот дневен ред на состанокот на комисијата.

Инаку денеска Груевски го одложи своето присуство за в понеделник, а пред почетокот на седницата и министерот за финасии Зоран Ставрески, најавил дека наместо утре, пред членовите на комисијата ќе се појави на 17 декември.

Претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов, рече дека двајцата сведоци известувањата дека нема да присуствуваат на седницата ги дале надвор од предвидените рокови, а најавите дека изјави пред комисијата ќе дадат на 14, односно на 17 декември се надвор од термините што комисијата претходно ги утврдила.

Тој го обвини премиерот дека бега од сведочењето и дека ВМРО-ДПМНЕ прави сè за комисијата да не почне со работа.

– Не е пристигнато никакво известување од Груевски за неговото доаѓање или недоаѓање на седницата, за што рокот за доставување беше до 7 декември. Анкетната комисија е орган на Собранието на Република Македонија и лицата мора да дојдат кога ќе бидат повикани, а не кога тие сакаат. Оваа анкетна комисија не е подружница на приватна фирма. Јас разбирам дека не сакате да почне работата на оваа комисија. Ова е лицемерството на ВМРО-ДПМНЕ – рече Шилегов.

Антонио Милошески од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја обвини опозицијата дека од комисијата прави циркус за ситни дневно-политички поени. Неговиот колега, Павле Саздов, рече дека и да се појавел Груевски на денешната седница, таа немало да се одржи бидејќи дел од членовите на комисијата, како и стручните служби, немаат безбедносен сертификат, поради што не можат да ја следат седницата, која, како што бараат од ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде од затворен карактер и на која ќе бидат поставувани прашања од доверлив карактер.

По полчасовно натегање и расправии, Милошоски предложи пет точки за дневен ред на денешната седница, односно формирање работна група што ќе ги посети Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), заклучоци од посетата, кои би требало да бидат донесени до петок, барање материјали од внатрешната истрага во УБК за прислушувањето, обезбедување безбедносни сертификати за членовите на комисијата и на стручните служби и, како петта точка, да се донесе распоред за сослушување на сведоците.

Членовите на СДСМ инсистираа како дневен ред за денешната седница, сепак, да биде сослушувањето на сведоците.

По гласењето, членовите на комисијата не ги усвоија и двата предлога, поради што Шилегов ја прекина седницата.

За утре тој закажа нова седница на комисијата, на која како сведоци ги најави министерот Зоран Ставрески и Мартин Протоѓер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...