fbpx
Таг: земјотрес

таг: земјотрес

Се договара помошта на Скопје за Непал

Во тек е состанок на службите на Град Скопје, на кој се договара околу евентуалната помош што градот на солидарноста ќе ја испрати за Непал, кој во саботата беше погоден од катастрофален земјотрес во кој животот го загубија повеќе од 3.000 луѓе, потврди за „Мета“ портпаролот на Град Скопје, Неделчо Крстевски. Тој не можеше да соопшти повеќе информации за тоа како,...

Нов земјотрес го погоди Непал

Нов земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди непалскиот главен град Катманду. Жителите во паника излегле на отворено. Според податоците на Американскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот бил на 17 километри јужно од градот Кодари, на длабочина од десет километри. Непалските власти соопштија дека најмалку 1.970 лица загинаа во вчерашниот земјотресот со интензитет од 7,9 степени според...

Силен земјотрес го погоди Непал

Две лица загинаа, а десетици се повредени во земјотресот што изутринава го погоди Непал. Непалските власти соопштуваат дека бројот на повредените можеби е поголем од досега регистрираниот. Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот на земјотресот бил на 80 километри источно од градот. Според очевидци, земјотресот предизвикал уривање на неколку згради во...

Регистриран силен земјотрес во Нов Зеланд

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени денеска го погоди Нов Зеланд, соопштија сеизмолозите, но засега се претпоставува дека не предизвикал поголема штета. Епицентарот на земјотресот бил на околу 65 километри северно од Каикура, на длабочина од 55 километри, прецизираше Американскиот институт за сеизмологија. Сеизмолошкиот завод на Нов Зеланд, „Геонет“ наведе дека магнитудата на земјотресот била 6,3 степени.

Силен земјотрес кај Окинава

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, денеска ги погоди Тајван и малите острови на југот на Јапонија, поради што беше прогласена тревога за можна појава на цунами во висина од еден метар на островот Окинава. Засега нема извештаи за штети или повредени, ниту во Јапонија ниту во Тајван, каде најсилно се почувствува земјотресот. Јапонската метеоролошка агенција објави предупредување...

Регистриран земјотрес на Кипар

Умерен земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтерова скала денеска е регистриран на Кипар. Епицентарот на земјотресот бил во морето, на осум километри од Пафос. Кипарските медиуми засега не јавуваат за евентуални жртви и за причинета материјална штета. Кипарската сеизмолошка станица соопшти дека до пладне биле регистрирани 10 слаби последователни потреси.

Земјотрес го стресе Сараево

Утрово, во два часот по полноќ, силен земјотрес ги разбудил жителите на Сараево. Земјотресот бил со силина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, додека во епицентралното подрачје биле измерени шест степени по Меркалиевата скала. Епицентарот бил бо гратчето Пале, дваесетина километри југоисточно од главниот град на Босна и Херцеговина. Нема информации за жртви или за некоја поголема материјална штета.

Земјотрес го стресе Скопје

Денеска во 10.50 часот во Скопје беше почуствуван земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил во близина на Качаник, Косово.

Пет земјотреси почувствувани во Дебарско

Три посилни земјотреси, проследени со уште два со послаб интензитет, утринава се регистрирани во дебарскиот регион. Првиот земјотрес бил почувствуван во 3.57 часот наутро, а вториот е регистриран 17 минути подоцна. Третиот земјотрес жителите на дебарскиот регион го почувствувале 6.55 часот изутринава. Албанските медиуми јавуваат дека епицентарот на еден од земјотресите, кој бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, бил осум километри...

Земјотрес во Чиле и во Перу

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихстеровата скала денеска ги погоди подрачјата на Чиле и во Перу, соопшти американскиот Геолошки завод. Епицентарот на земјотресот, кој се случил во 1.51 часот по локално време, бил 33 километри југоисточно од градот Путре, на длабочина од 128 километри. Засега нема информации за материјална штета. Во земјотресот кој во 2014 година го погоди Чиле,...

Регистриран слаб земјотрес во Скопје

Земјотрес јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала денеска во 7 часот и 12 минути е регистриран во околината на Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Епицентарот на земјотресот е во скопската околина, почувствуван е на подрачјето на селата Рашче, Горно и Долно Свиларе, Кондово, Сарај и во околината и бил со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала–1998.

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Нова Британија, најголемиот остров на Бизмарковиот Архипелаг, кој ѝ припаѓа на Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот геолошки завод. Епицентарот на земјотресот бил девет километри северозападно од градот Рабаул, на североистокот на островот. Засега нема податоци за евентуални жртви, ниту за причинета материјална штета.

Три земјотреси во Пакистан

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападот на Пакистан. Како што јавуваат локалните медиуми, девет лица се повредени и причинета е помала материјална штета. Земјотресот имал епицентар 37 километри северно од Мансер, во провинцијата Хајбер Пахтунва, на длабочина од 28 километри, соопшти американскиот Геолошки завод. По земјотресот следеа два потреса со јачина од 3,2 и од 4...

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер ја погоди Јапонија

Потрес со прелиминарна магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровта скала, денеска го затресе истокот на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на потресот е во префектурата Чиба, источно од Токио, соопшти агенцијата, додавјќи дека не е објавено предупредување за цунами. Нема никакви информации за евентуални штети.

Четворица загинати во земјотрес во БИХ

Умерено силен земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала, синоќа го погодил Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина, соопштил Сеизмолошкиот институт во Бања Лука. Во земјотресот има настрадани. Како што јавува „Дневни аваз“, поради лизгање на земјиштето животот го загубиле четири лица. Според првичните информации, тие нелегално ископувале јаглен на самата површина на рудникот Дубрава кај Тузла, кога...

Два земјотреси синоќа во Македонија

Во 18.40 часот, вчера, два земјотреса со слаб интезитет беа почувствувани во Скопје и во северозападниот дел на земјата. Во разлика од една секунда, со силина од 3,9 и од 4,6 степени според Европската сеизмолошка скала, на територија на Македонија, близу до Тетово или 33 километри западно од Скопје, се почвуствувани земјотреси од кои едниот е во длабочина од 10...

Земјотрес во Западна Македонија

Ноќеска во 2 часот и 56 мунути, во северозападните делови на Македонија е почувствуван земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на земјотресот бил 100 километри западно од Скопје, во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Силен земјотрес на островот Вануату

Силен земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала е регистриран на пацифичкиот остров Вануату. Како што соопшти американскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 60 километри североисточно од главниот град Порт Вила, на длабочина од 33 километри. Засега нема издадено тревога за можна појава на цунами.

Земјотрес регистриран во близина на Тајван

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на Тајван. Според податоците на американскиот Геолошки завод, епицентарот на за земјотресот бил на длабочина од 254 километри под морското дно, на 106 километри североисточно од главниот град Тајпеј. Засега нема податоци за жртви, ниту за причинета материјална штета.

Силен земјотрес во Индонезија

Земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала ја погоди Индонезија, соопшти американскиот геолошки завод. Епицентарот на земјотресот бил во морето, на 65 километри длабочина, 150 километри од брегот на Индонезија. Засега не е издадено предупредување за опасност од цунами.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...