fbpx
Таг: Брисел

таг: Брисел

Човекот фотографиран во здолниште и со потпетици не е поврзан со Брисел

На фотографијата е Марк Брајан, 61-годишен дедо на четири внуци, оженет во изминатите 11 години. Во 2010 година тој се преселил од Тексас во гратче во Германија, каде сега работи на полето на роботскиот инженеринг и е тренер на локалниот фудбалски тим. Тој обожава велосипедизам и брзи коли и се труди да вежба барем два пати неделно. Носи здолништа...

По 17 години и многу компромиси Северна Македонија ги почнува преговорите за членство во ЕУ

Денешниот ден е историски – конечно после 17 години и многу тешки компромиси, се отвора процесот за прием на Северна Македонија во големото европско семејство кон ЕУ. Првиот чекор кон европската иднина е направен, а три-деценискиот сон е на дофат, истакна македонскиот премиер Димитар Ковачевски по завршувањето на првата меѓувладина конференција со Европската унија што претпладнево се одржа во...

Петков од Брисел: Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор

Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор, порача бугарскиот премиер пред оставка Кирил Петков од Брисел, каде учествува во состанокот на Европскиот Совет, пренесе бугарската телевизија бТВ. Тој ја повика македонската влада „да ја поведе својата нација“. Петков изјавата ја даде откако бугарскиот парламент денеска усвои резолуција за кревање на ветото. Резолуцијата го прифаќа францускиот предлог, но наметна...

Премиерот Ковачевски го отфрли францускиот предлог

Премиерот Димитар Ковачевски, по завршувањето на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел, го отфрли францускиот предлог за кревање на бугарското вето и почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ. Тој нагласи дека предлогот во ваква форма е неприфатлив за него, за претседателот на државата, за Владата, за коалициските партнери, за институциите како и за граѓаните. „Да...

Европската комисија почнува истрага за владеењето на правото против Унгарија

Европската комисија ќе почне правна истрага против Унгарија, со која ќе се испитува владеењето на правото во оваа членка на ЕУ и која што би довела и до парични казни, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен во Европскиот парламент, известува „ЕУОбсервер“. Тоа ќе биде првпат извршната власт на ЕУ да прибегне кон ваков чекор против членка на...

Започнува имплементацијата на договорот за регистарски таблички меѓу Косово и Србија

Денеска на граничните премини што го поврзуваат Косово со Србија, започна имплементацијата договорот за прашањето на регистарските таблички постигнат во Брисел. Косовската полиција преку соопштение до медиумите објави дека се направени неопходните подготовки за спроведување и извршување на одлуката која се однесува на постигнатиот договор во Брисел, помеѓу Република Косово и Србија, според кој на регистарските таблички на возилата ќе...

Пендаровски-Вархеји: Важно е што побрзо да има формален почеток на пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средби со Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји и со специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, со што ја започна неговата работна посета на Брисел. На средбата со Вархеји, Пендаровски изрази благодарност за неговиот ангажман и...

Претседателот Пендаровски денеска на средби со челниците на ЕУ во Брисел

Претседателот Стево Пендаровски денеска е во посета на Брисел, каде што ќе оствари средби со челниците на Европската унија, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ.  „Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика...

Димитров и Османи во Брисел на средба со Борел

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел остварија средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел. „Во фокус на разговорот беше иднината на политиката на проширување на ЕУ, пред сѐ во контекст на случувањата по усвојувањето на новата Методологија и...

Влада: Нема почеток на преговорите за членство, ова е огромна геостратешка грешка на ЕУ

Владата на Република Северна Македонија вчеравечер, по донесувањето на заклучоците на Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР), во кои е внесено споменување на „погрешно толкување на историјата“ и долгото име на Северна Македонија, односно Република Северна Македонија, изрази „разочарување што ЕУ не најде начин да донесе позитивна одлука за усвојување на Преговарачката рамка, што ќе овозможеше првата меѓувладина конференција меѓу...

ЕУ најави 9 милијарди евра инвестиции на Балканот, но реформите треба да се забрзаат

Европската Комисија денеска усвои сеопфатен Економски и инвестициски план за Западен Балкан, во рамките на својата предлог-препорака за приклучување на Северна Македонија кон Европската Унија (ЕУ). Како што објасни Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската Комисија, Жосеп Борел, ЕУ има намера да им помогне на сите граѓани во Западниот Балкан. „Граѓаните на Западен Балкан се...

Османи: Стартот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји. Средбата беше во функција на остварување на мисијата на Османи да го заокружи евро-интеграциското досие на Северна Македонија, формалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ да започне без одлагање и во рамки на овогодинешното Германско...

Во Брисел средба на Никола Димитров со еврокомесарот за проширување Вархеји

Потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска во Брисел оствари средба со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседство и проширување, на која во посебен фокус беа следните чекори на европскиот пат на нашата земја, вклучувајќи го усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, информираат од Секретаријатот за европски прашања. Вицепремиерот Димитров се заблагодари...

Од денеска сме НАТО – резултат на историските одлуки и клучни реформи

„Од денеска сме НАТО“, порачаа премиерот Оливер Спасовски, од владината седница во Скопје, и в.д. шефот на македонската мисија во Организацијата на северноатлантскиот договор-НАТО, Зоран Тодоров, од седиштето на Алијансата во Брисел, неколку мига откако македонското знаме беше подигнато на 30. јарбол со знамиња на сојузниците. Со истовремени церемонии во седиштето во Брисел, Врховната команда на сојузничките сили (SHAPE)-...

Македонија во НАТО: Што добиваме, што даваме и како понатаму?

Со истовремено подигање на три македонски знамиња, две во Белгија и едно во САД, НАТО утре (понеделник) во своите редови свечено ќе го вброи својот триесетти сојузник. На свечената церемонија во седиштето на НАТО во Брисел во 15 часот по средноевропско време ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на Алијансата маршал Стјуарт Пич,...

ЕУ ќе преговара со Македонија со поголем морков и со подолг стап

Советот на ЕУ денеска треба да ја потврди завчерашната одлука на Советот на ЕУ за општи работи (ГАК) Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија. Со тоа, Европската комисија добива задача да подготви преговарачка рамка за земјава, а третиот момент во почетокот на преговорите, според вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, е одредување ден кога ќе се...

Авион од Брисел со македонски државјани слетал во Скопје, сите со симптоми одат веднаш на тестирање

Патниците во авионот кој слетал во Скопје од Брисел, а кои имаат симптоми на грип ќе бидат однесени на Клиниката за инфективни болести да бидат тестирани ковид-19, додека другите ќе чекаат на аеродромот додека не стасаат резултатите, информира вечерва на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. - На аеродромот во Скопје слета авион од Брисел со наши државјани. Тие што...

ЕК ја усвои новата методологија за проширување, задоволни и во Брисел и во Скопје

Европската комисија денес ја усвои новата методологија за проширување на Европската Унија (ЕУ) кон земјите од Западен Балкан. За Македонија и Албанија новата методологија врз чија основа ќе се водат преговорите ќе биде задолжителна, додека Србија и Црна Гора ќе треба сами да одлучат по кој систем ќе ги продолжат преговорите со ЕУ во наредниот период. На прес-конференција по усвојувањето...

Нова авионска линија на релација Брисел – Охрид ќе биде воведена во јуни

Белгиската авиокомпанија „TUI Fly Belgium” од 6 јуни 2020 година ќе воведе авионски линии на релации од Брисел до Охрид и до хрватскиот град Пула и обратно, објави специјализираниот портал за авиосообраќај simpleflying.com. Според порталот, компанијата ќе лета еднаш неделно на релација Брисел – Охрид и Охрид – Брисел, со почетна цена на билетот од 89,99 евра. –Самоиловата тврдина и црквата...

Медиумски манипулации во врска со односот на функционерите и институциите на ЕУ кон Заев и РСМ

Во деновите пред историскиот самит на Европската Унија во Брисел македонската јавност беше бомбардирана со медиумски манипулации чија цел беше премиерот Зоран Заев да се покаже во негативно или позитивно светло преку наводни постапки на функционери и институции на ЕУ поврзани со него. Анализа на „Критинк“ укажува дека исечен дел од видео од средбата на шефицата на европската дипломатијата, Федерика...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...