fbpx

Османи: Стартот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

-

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји. Средбата беше во функција на остварување на мисијата на Османи да го заокружи евро-интеграциското досие на Северна Македонија, формалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ да започне без одлагање и во рамки на овогодинешното Германско претседателство со Советот на ЕУ.

„Ве уверувам дека не само реформскиот процес, туку новата Влада ќе го искористи претстојниот период за финализација и на административно-техничката и политичка подготвеност на земјата за старт на преговорите, преку навремено заокружување на преговарачката структура, соодветно на принципите на новата методологија, применувајќи ја секако и новата групација на поглавјата по кластери“, порача Османи, посочувајќи на остварувањата во претходниот мандат, во насока на веќе изградениот костур и легислативна подготовка за преговарачката структура, како и веќе успешно одржаниот објаснувачки скрининг.

За време на средбата комесарот Вархеји информирал дека Европската комисија набрзо ќе го објави редовниот пакет за проширување заедно со годишните извештаи за земјите од процесот на стабилизација и асоцијација со ЕУ. Како негово надополнување било најавено објавувањето на Економско инвестициската програма на ЕК за регионот на Западен Балкан со која ќе се одвои значителна финансиска поддршка во облик на неповратни средства и заеми за спроведување на инфраструктурни проекти од областа на транспортното и енергетско меѓу-поврзување на регионот.

Тема на средбата била и иницијативите на Берлинскиот процес, особено во рамките на заедничкото ко-претседавање меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија кое е закажано за 10 ноември, во Софија.

„Беше констатирано дека симболичното ко-претседателство на една земја членка на ЕУ со земја кандидат, што е единствен случај досега, претставува вистинска можност за промоција и зајакнување на добрососедството меѓу двете земји, како и промоција на заедничката аспирација за европска интеграција на целиот регион,“ се додава во соопштението на МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...