Фото: Арбнора Мемети

Европската Комисија денеска усвои сеопфатен Економски и инвестициски план за Западен Балкан, во рамките на својата предлог-препорака за приклучување на Северна Македонија кон Европската Унија (ЕУ).

Како што објасни Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската Комисија, Жосеп Борел, ЕУ има намера да им помогне на сите граѓани во Западниот Балкан.

„Граѓаните на Западен Балкан се дел од Европа и имаме заеднички интерес од помагаањето на овие шест партнери да се помрднат напред на ЕУ-патеката“, рече Борел.

Тој додаде дека со Економскиот и инвестициски план, Европската Унија ги поддржува проценките од Пакетот за проширување, давајќи сеопфатна и силна поддршка за економско закрепнување и реформи – „за модерен, позелен и по-просперитетен Западен Балкан што им овозможува нешто повеќе на своите граѓани на патот кон ЕУ“.

Економскиот и инвестициски план подразбира инвестициски пакет во износ до 9 милијарди евра за целиот регион.

Презентирајќи го новиот план, Еврокомесарот Оливер Вархеји порача дека Западен Балкан може да очекува помош од ЕУ до 9 милијарди евра.

„Денеска го презентираме  Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан за зајакнување на економскиот развој и закрепнувањето на целиот регион. Ќе овозможиме до 9 милиони евра за инвестициски продори во областа на транспортот, енергијата, зелениот и дигиталниот Преод, за создвање одржлив развој и работни места“, рече Врхеји.

Тој додаде дека со овој план се овозможува „успешно регионално економско здружување“, како и да се премости „развојниот јаз“ меѓу регионите, со тоа конечно забрзувајќи го процесот на ЕУ-интеграциите.

„Овој план ќе помогне во преобразбата на Западен Балкан во еден од најатрактивните региони за инвестиции во светот. Спроведувањето на оваа намера ќе мора да оди рака под рака со реформите“, порача Вархеји.