fbpx

Човекот фотографиран во здолниште и со потпетици не е поврзан со Брисел

-

На фотографијата е Марк Брајан, 61-годишен дедо на четири внуци, оженет во изминатите 11 години. Во 2010 година тој се преселил од Тексас во гратче во Германија, каде сега работи на полето на роботскиот инженеринг и е тренер на локалниот фудбалски тим. Тој обожава велосипедизам и брзи коли и се труди да вежба барем два пати неделно. Носи здолништа и потпетици. Неговиот интерес во потпетиците, според интервјуа кои ги дава за странските медиуми, почнал пред 40 години кога го пробал првиот пар. Тој изјавува дека „за него облеката нема пол“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува фотографија од маж во здолниште и високи потпетици како патува во воз и носи маска. Во постот пишува:

Поздрав од дувлото на Луцифер – Брисел, во кое што нашите политичари интензивно работат да не внесат.

Меѓутоа, човекот на фотографијата на ниту еден начин не е поврзан со Брисел, ниту, пак, како што алудира постот, со некој типичен стил на гардероба што ја носат луѓето во Европската Унија, каде што „нашите политичари работат да нè внесат“.

Имено, станува збор за Марк Брајан, 61-годишен дедо на четири внуци, оженет во изминатите 11 години. Во 2010 година тој се преселил од Тексас во гратче во Германија, каде работи на полето на роботскиот инженеринг и е тренер на локалниот фудбалски тим. Тој обожава велосипедизам и брзи коли и се труди да вежба барем двапати неделно. Носи здолништа и потпетици. Неговиот интерес во потпетиците според интервјуа кои ги дава за странските медиуми почнал пред 40 години кога го пробал првиот пар. Брајан изјавува дека неговата сопруга го поддржува, меѓутоа не ѝ се допаѓа тоа што стекнал слава на социјалните мрежи. Пред пет години Брајан почнал да носи здолништа и потпетици на работа, задржувајќи ги погледите на другите корисници на јавниот превоз.

Се наоѓам на возраст кога навистина не ми е важно што мислат луѓето. Или им се допаѓам, или не. Луѓето ги гледаат моите фотографии и веднаш помислуваат дека сум хомосексуалец. Мислам дека она што ме поттикнува се луѓето кои велат дека им помагам да гледаат на работите на кој што секогаш сакале да гледаат, но им било страв тоа да го сторат. Како тренер по фудбал, сакам да им помагам на младите момчиња да се развијат не само како играчи, туку и како одговорни членови на општеството. Да се биде во ситуација да им се помага во проблемите низ кои минуваат, всушност ми помага и мене и тоа повеќе отколку комплиментите дека изгледам добро. Но и комплиментите ми помагаат, вели Брајан за Интервју Магазин.

Порталот Bored Panda пишува дека здолништата и потпетиците тој ги носи дури и дома, на работа и кога оди да пазарува.

Марк редовно објавува фотографии од себе во неговите модни комбинации, кои често вклучуваат типично машки кошули на копчиња, со потпетици, што е невообичаено за модни комбинации очекувани за одредени полови.

Во својата биографија, Марк се опишува себе како хетеросексуалец, оженет човек, кој обожава „Порше“, убави жени и да ги инкорпорира потпетиците и здолништата во дневниот гардеробер. За Bored Panda изјавил дека ја носи оваа облека затоа што може и тврди дека отсекогаш им се восхитувал на жените кои носат тесни здолништа и моќта која ја презентира истата.

Некои луѓе, од кои повеќето мажи, се изненадени дека сум само еден нормален човек, кој може да води нормален човечки разговор. Облеката нема пол, но само да сме начисто, не носам блузи, туку само машки кошули. И кога велам дека носам машки кошули и женски здолништа, за мене тоа е облека која не е поврзана со полот, вели Брајан за Дејли Мејл.

Фотографијата презентирана во постот кој го рецензираме може да се најде во поголема група фотографии од Брајан објавени овде.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека мажот на фотографијата е поврзан на било каков начин со Брисел, со Европската унија и нејзините институции и слично. Дури и неговото потекло е надвор од европскиот континент.

Вистиномер и претходно дебанкираше невистинито тврдење дека претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел се наоѓа на една фотографија во здолниште.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...