fbpx

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер

-

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9, што е висока вредност и поради тоа мора да се преземаат мерки за заштита на кожата.

Највисоката дневна температура ќе се движат во распонот од 20 Целзиусови степени до 30 степени во Гевгелиско-дојранскиот Регион.

За разлика од Малешевијата, каде живата во термометрите ќе се искачи до 23 Целзиусови степени, во Кривопаланечко ќе се искачи до 25 степени, додека во Скопје  до 28 степени. Во подрачјето околу Кичево, највисоката температура ќе биде 20 Целзиусови степени, во Охридско-струшкиот Регион до 24 степени, а во Пелагонија до 25 степени. Најтопло ќе биде на крајниот југоисток на земјава.

И утре времето ќе биде стабилно и топло. В среда попладне повторно ќе биде нестабилно, со пороен дожд и со грмежи, локално и со поинтензивни процеси, вели прогнозата на Управата за хидро-метеоролошки работи на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...