fbpx

Сончево и топло со температура до 39 степени

-

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во планинските предели, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 21 Целзиусов степен, а максималната од 31 до 39 степени.

Во Скопје и во околината нè очекува слично време со температура до 38 Целзиусови степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време, а утре и задутре се очекува живата на термометарот да надмине 40 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...