fbpx

Скопје денеска најзагаден град во светот

-

Сервисот „Ер Вижуал“ кој постојано ја следи состојбата на загадувањето на воздухот во големите градови во светот претпладнево го стави Скопје на врвот на светската листа, со индекс од 217 според AQI.
По Скопје е Дака, Бангладеш, со индекс 189, па Чонгќинг во Кина со иста вредност. Подолу, со индекс 186 е Вухан, Кина, па Калкута со 166.

Индексот AQI се составува според состојбата на загадувањето на воздухот со честички ПМ2,5, ПМ10, јаглероден моноксид, сулфурен диоксид, азотен оксид и со озон на површината, со што се дефинира вредноста, која ја одредува опасност по здравјето на луѓето. Мерната скала е од 0 до 500. Податоците за Скопје се земени од веб-сервисот за мерење на загадувањето на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...