fbpx

Шилегов дополнително ќе одлучува за идеите на граѓаните за намалување на загадувањето

-

Да се набават електрични автобуси и да се реорганизира јавниот превоз, да се воведе тарифа за луксуз при регистрација на второ возило, да се забрани употребата на јаглен за затоплување на домаќинствата, да се засилат контролите на погоните за преработка на пластика и работилниците што горат отпадни масла, биле дел од решенијата што ги предложиле граѓаните на денешната средба со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, информираат од градската администрација.

Освен тоа граѓаните предложиле итно да се почне со гасификација на градот, да се забрани палењето огнови на отворено, а на улиците да се постават светилки што апсорбираат јаглерод диоксид.

Шилегов на граѓаните им рекол дека ќе бидат разгледани сите идеи и ќе ги утврдат можностите тие да се спроведат на дело.

– Веќе иницирав засилени инспекции на депонијата „Дрисла“, побарав да се изработи нов концепт за јавниот градски превоз што би ја вклучил и постојната железничка мрежа, а во градскиот буџет е планирано и субвенционирање од 100 милиони денари на ЈСП при набавка на зглобни електрични автобуси. За наредната година граѓаните ќе добијат 10 милиони денари субвенции при набавка на инвертери за затоплување и обука за оџачари. Ова се само дел од мерките што ги предлагаме, работиме на многу други среднорочни и долгорочни мерки за борба против загадувањето. Во Буџетот на Град Скопје за 2018 година ќе се издвојат 141 милион денари за заштита на животната средина, што е трипати повеќе од лани – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...