fbpx

„Рајските документи“ откриваат врски меѓу САД и Русија

-

„Рајските документи“ откриле дека американскиот секретар за трговија поседува удел во компанија што соработува со производител на гас, во која сопствеништво има зетот на рускиот претседател Владимир Путин.

Според податоците на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, секретарот Вилбур Рос имал удел во шедитерската компанија „Навигејтор холдингс“, чиј главен клиент е петрохемискиот произведувач „Сибур“. Зетот на Путин, Кирил Шамалов, поседувал 20 отсто од оваа компанија, но сега неговиот удел е помал.

Портпаролот на министерството за трговија, Џејмс Рокас, рекол дека Рис не го запознал Шамалов и оти ги поддржувал санкциите што администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, ги вовела против Русија. Тој додаде дека американскиот секретар за трговија се повлекол од шпедитерската работа и дека ги исполнил „највисоките етички стандарди“.

Работењето на Рос повторно го отвора прашањето за врските на американската и на руската администрација, теми кои пред неколку месеци фрлија сенка на Белата куќа, која е во фокусот на специјалниот истражите Роберт Мулер, кој ги испитува наводите за поврзаноста на Москва со тимот на Трамп.

Не е објавено колку партнери имал американскиот секретар за трговија и како ја делеле заработувачката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...