fbpx

Путин му испрати новогодишна честитка на Обама и го повика на соработка

-

Рускиот претседател Владимир Путин упати новогодишна порака до американскиот претседател Барак Обама, повикувајќи на соработка меѓу двете земји во одговор на меѓународните предизвици.

Односите меѓу Москва и Вашингтон го достигнаа најниското ниво од крајот на Студената војна, откако Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим во март 2014 година и поради тоа што им испраќа поддршка на сепаратистичките бунтовници на истокот на Украина. САД и другите нации одговорија со економски санкции против руски претставници и компании во државна сопственост.

Кремљ ја цитирал новогодишната честитка на Путин, наведувајќи дека „односите меѓу Москва и Вашингтон се од клучно значење за глобалната сигурност“.

Путин навел дека САД и Русија успешно ќе се соочуваат со предизвиците и со заканите во светот ако двете земји бидат вклучени во конструктивен дијалог.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...