fbpx

Поранешен учител бил организатор на масакрот во Кенија

-

Кениската полиција го означи исламистот Мухамед Мухамуд, поранешен учител, за организатор на масакрот на универзитеот во Гариса, во кој беа убиени 148 студенти.

Познат по прекарот Куно, Дулијадин или Гамадхер, припадник на сомалиската екстремистичка група Ал Шабаб, тој, исто така, се бара во врска со низа убиства на севереоистокот на Кенија.

Полицијата понудила 20 милиони шилинзи (200.000 евра) за информација која би довела до негово апсење.

Мухамуд е кениски државјанин и етнички Сомалиец, исто како два милиони Кеници, односно шест отсто од популацијата. Поголемиот дел од ова малцинство живее во сиромашниот североисток на земјата, каде Гариса е еден од најголемите градови.

Иако Мухамуд не учествувал лично во нападите на Гариса, студентите што го преживеале масакрот, ги опишуваат напаѓачите како луѓе кои личат на него и кои добро го говорат јазикот на Кенија, свахили. На постерот, Мухамуд е прикажан како слаб маж со кратка брада.

Извори од кениската полиција наведуваат дека тој предавал во една медреса во Гариса, но дека подоцна станал радикализиран и ја поминал границата во Јужна Сомалија, каде се приклучил на Унијата на исламистичките судови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...