fbpx

СДСМ од Прилеп: Им уривале и ги казнувале сите што не им се по волја

-

На плоштадот Методија Андонов Ченто во Прилеп, денеска СДСМ презентираше нови снимки од прислушувани разговори. Според  претседателот на општинската организација на СДСМ, Сашо Велески, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, со градоначалникот и со други соработници, договарал уривање на шанкови и на тераси, вработувања и замена со кадри од ВМРО-ДПМНЕ, подготвувал список на фирми, блиски до СДСМ, каде треба да влезат инспектори и да се казнат.

Во снимка од разговор меѓу Јанакиески со Марјан Ристески, наводно, се слуша како договораат смена на претседателот на ФФМ, Хари Хаџиристески, поради тоа што десет години е на тоа место.

Во еден од разговорите помеѓу министрите Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, пак, министерот за финансии е лут на градоначалникот Марјан Ристески и вели дека ако сака, може да го затвори „Пиво-фест“.

Од позиција на градоначалник, Ристески, наводно, му се жали на министерот Јанакиески дека е паднат рејтингот во Прилеп. За свите сограѓани, Ристески смета дека се „специјалка“ и дека требало и нешто друго да се прави во градот, а не само улици.

Во разоворите се слуша и како Јанакиески бара од Ристески список на фирми, наводно, блиски до СДСМ. Особен интерес Јанакиески има за фирмата на Хари Локвенец.

– Направете програма, поднеси ја на Совет и после удирај – вели Јанакиески во еден од разговорите со градоначалникот.

Се слуша и разговор во кој соговорниците констатираат дека „Прилеп мора да гласа и оро да игра“.

Во дел од разговорите Јанакиески бара од Ристески на четири вработени во Општина Прилеп да им „честита“ и да распише конкурс за нови вработувања во Општината на, како што вели, „вмровци“.

Беше презентиран и разговор помеѓу сопственикот на „Пелистерка“ и Марјан Ристески. Овој бизнисмен вели дека има список на кафулиња кои бара да бидат затворени. Дополнително, најавува „сработување за ВМРО-ДПМНЕ да ја добие Општина Центар“.

– Да не дозволиме повеќе ова зло, оваа катастрофа за Прилеп и за цела Македонија да се повтори. Почитувани граѓани, ајде да ја продолжиме традицијата. Ве повикувам, заедно, сите, да излеземе на улиците на Прилеп и да ја покажеме нашата решителност и храброст, да му кажеме уште едно големо „не“ на Никола Груевски – заклучи Велески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...