fbpx

Облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд

-

Времето денеска ќе биде претежно облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд. Во западните и источните подрачја врнежите ќе бидат пообилни, особено попладне и преку ноќта. На планините врнежите ќе преминуваат во снег.

Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, особено претпладне. Температурата ќе се движи од шест до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, особено претпладне.
Температурата ќе достигне до девет Целзиусови степени.

Под влијание на влажен бран од пладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови (локално околу 25л/м2). Поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои места повисоки од 600 метри надморска височина, при што ќе се формира и снежна покривка. Локален слаб снег, особено во западните делови ќе има и во понеделник. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...