fbpx

Николов: Буџетот е нереален, неразвоен и недомаќински

-

Пратеникот на опозицијата Марјанчо Николов, на комисиската расправа за финансирање и буџет, на расправата за предлог-буџетот за 2016 година, истакна дека опозицијата нема да даде поддршка за ваков буџет, бидејќи е неразвоен, нереален, недомаќински и ја става раката длабоко во џебот на граѓаните и во џебот на компаниите, за потоа да ги троши парите непродуктивно.

Според него, Владата нереално го испланирала процентот на пораст на БДП, кој треба да изнесува 4 проценти, и повторно создава висок дефицит, кој ќе треба да се финансира од кредити.

Николов ја праша власта колку административни згради треба да се направат за да бидат доволно и за да се чувствуваат комотни, имајќи предвид дека за поддршка на мали и на средни претпријатија во овој буџет се издвојуваат 150.000 евра, за подобрување на вработеноста 9 милиони евра, а за згради 60 милиони евра.

Тој, исто така, праша зошто Владата не се придружува на фискалната стратегија што самата ја донесе, во која за 2016 година планира дефицитот да изнесува 2,6 отсто од БДП, а не како што планира сега, 3,2 отсто.

За предлог-буџетот се поднесени 418 амандмани и тоа: 178 од ДПА, три од ДУИ, еден од Роза Топузова-Каревска, еден поднесен од повеќе пратеници и 235 од здружената опозиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...