fbpx

„МЖ – Транспорт“ е во тешка финансиска сосотојба, се бара долгорочно решение

-

Постојат повеќегодишни проблеми со кои се соочува „МЖ – Транспорт“, недомаќинско работење и несервисирање на долговите, што довело до загрозување на ликвидноста на компанијата.

Ова било истакнато на средбата на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески со раководството на „Македонски железници – Транспорт“.

На средбата бил направен пресек на работата, но и презентација на моменталната состојба на претпријатието од страна на претседателот на Управниот одбор и генерален директор на „МЖ – Транспорт“, Љубиша Ристиќ.

„Направените анализи покажуваат дека е наследена тешка финанска состојба, која произлегува од непродуктини трошоци и несоодветни инвестиции кои не послужиле за зголемување на продуктивноста, конкурентноста и ефикасноста, напротив создале дополнителен финансиски товар за претпријатието, што резултира со зголемување на долговите и загубите на акционерското друштво“, се вели во соопштението од кабинетот на вицепремиерот.

Едно од предложените краткорочни решенија било да се репарираат постоечките вагони, со што ќе се зголеми транспортниот капацитет на стоки преку железницата и железничкиот транспорт би станал поефикасен и поатрактивен за компаниите кои увезуваат или извезуваат производи.

„На тој начин би се зголемиле приходите на „МЖ- Транспорт“ и би се подобрила ликвидноста на претпријатието“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...